Makita DUC405 Instruction Manual page 78

Cordless
Hide thumbs Also See for DUC405:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
9.
Носете ја моторната пила држејќи ја за
предната рачка. Моторната пила треба
да биде исклучена и подалеку од вашето
тело. Кога ја превезувате или складирате
моторната пила, секогаш ставете го капакот
на насочувачката шипка. Ако правилно
ракувате со моторната пила, ќе се намали
можноста случајно да дојдете во контакт со
подвижниот синџир на пилата.
10. Следете ги упатствата за подмачкување,
затегнување на синџирот и за менување
на шипката и синџирот. Ако синџирот е
неправилно затегнат или подмачкан, може
да се скрши или да ги зголеми шансите да се
појави повратен удар.
11.
Сечете само дрво. Не користете ја
моторната пила за цели за кои не е
наменета. На пример: не користете ја
моторната пила за сечење метал, пластика,
ѕидарски материјали или градежни
материјали што не се дрвени. Ако ја
користите моторната пила за работи за кои таа
не е наменета, може да се доведете во опасна
ситуација.
12. Не обидувајте се да отсечете дрво додека
не ги разберете опасностите и како да ги
избегнете. При отсекување на дрвото може да
дојде до сериозна повреда на операторот или
минувачите.
13. Причини за повратниот удар и мерки на
претпазливост што може да ги преземе
операторот:
До повратен удар може да дојде кога насочувачката
шипка ќе допре објект или кога дрвото ќе се затвори
и ќе се заглави синџирот на моторот во пресекот.
Во некои случаи, контактот со врвот може да
предизвика ненадејна обратна реакција при што
насочувачката шипка се изместува нагоре и оди
наназад кон лицето кое ракува со електричниот
алат. Ако синџирот на пилата се заглави на врвот
на шипката за насочување, таа може нагло да се
придвижи кон лицето што ракува со електричниот
алат. Секоја од овие реакции може да предизвика
да изгубите контрола над пилата, при што може
да дојде до посериозни физички повреди. Не
потпирајте се само на безбедносните уреди
вградени во пилата. Како корисник на моторната
пила, треба да преземете неколку чекори за да не
дојде до повреда или да се повредите кога сечете.
Повратниот удар е резултат од неправилна
употреба на моторната пила и/или неправилни
работни постапки и услови и може да се
избегне со преземање соодветни мерки на
претпазливост, како што е наведено подолу:
Цврсто држете го електричниот алат,
со палците и прстите околу рачките
на моторната пила, со двете раце
на пилата и поставете ги вашето
тело и рака, така што ќе можете да
ги задржите повратните импулси.
Лицето што ракува со електричниот
алат може да ги контролира повратните
импулси, ако се преземат соодветни
мерки на претпазливост. Не испуштајте ја
моторната пила.
► Сл.1
Немојте да досегате и да сечете над
висина на рамената. Така ќе спречите
ненамерно допирање на врвот и ќе имате
подобра контрола над моторната пила во
неочекувани ситуации.
Користете само резервни насочувачки
шипки и синџири на пилата што
ги препорачува производителот.
Несоодветните резервни насочувачки
шипки и синџири на пилата може да
предизвикаат кршење на синџирот и/или
повратен удар.
Следете ги упатствата на
производителот за острење и за
одржување на моторната пила. Ако
дојде до намалување на висината на
мерачот на длабочина, може да се појави
поголем повратен удар.
14. Следете ги сите упатства при чистење
на заглавен материјал, складирање или
сервисирање на моторната пила. Осигурете
се дека приклучокот е исклучен и дека
батериите се извадени. Неочекуваното
активирање на моторната пила при чистење на
заглавен материјал или сервисирање може да
резултира во сериозна телесна повреда.
ДОПОЛНИТЕЛНИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛА
1.
Пред да почнете да работите, проверете
дали моторната пила е во соодветна
работна состојба и дека нејзината состојба
е во согласност со безбедносните
регулативи. Особено проверете дали:
сопирачката на синџирот работи
правилно;
сопирачката за намалување работи
правилно;
шипката и преградата на ѕвездестиот
лагер се правилно наместени;
синџирот е наострен и затегнат во
согласност со регулативите.
2.
Не стартувајте ја моторната пила со
капакот на синџирот поставен на него. Ако
се стартува моторната пила со капакот на
синџирот поставен на него, тој може да биде
отфрлен нанапред и да резултира со телесна
повреда и оштетување на предметите околу
операторот.
3.
Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
4.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги
локалните прописи за можни упатства за
специјален отпад.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
5.
батериите. Електролитот што се ослободува
е корозивен и може да предизвика
оштетување на очите или кожата. Може да е
токсичен ако се голтне.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
6.
влажни места.
78 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duc355Duc305Duc355zDuc355pt2

Table of Contents