Makita CA5000 Instruction Manual page 46

Aluminum groove cutter
Hide thumbs Also See for CA5000:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Сечење жлебови
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да го движите
алатот напред во права линија и нежно.
Прекумерната сила или искривувањето на алатот
може да резултира со прегревање на моторот и
опасен повратен удар што би можело да доведе
до тешки повреди.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не пристапувајте
кон некој дел од телото под основата на алатот
кога сечете дел, особено на почетокот. Доколку
го сторите тоа, може да дојде до сериозни телесни
повреди. Сечилото е изложено под основата на
алатот.
ВНИМАНИЕ:
Користете заштита за очите за
да избегнете повреда.
ВНИМАНИЕ:
За операција на сечење
жлебови, секогаш поврзувајте го алатот со
правосмукалка.
ВНИМАНИЕ:
Цврсто држете го алатот.
Алатот има предна и задна дршка. Користете
ги обете за добар фат на алатот. Ако пилата се
држи со двете раце, сечилото не може да ги исече.
► Сл.23
1.
Нагодете ја длабочината на сечењето.
2.
Поставете го алатот на шината-водилка.
3.
Порамнете ја шината водилка вдолж линијата
за сечење со користење на плочката за водење.
Осигурете се дека сечилото не доаѓа во допир со
работниот материјал.
4.
Притиснете го копчето за одблокирање и
вклучете го алатот и почекајте додека сечилото
достигне целосна брзина.
5.
Притиснете го алатот полека до претходно
поставената длабочина на сечење и едноставно
придвижете го нанапред вдолж површината на
материјалот што се сече при тоа одржувајќи
го праволиниски и напредувајќи бавно додека
сечењето не заврши.
6.
Кога сечењето е завршено отпуштете го
прекинувачот, почекајте сечилото да запре и потоа
повлечете го алатот.
За чисти засеци, одржувајте ја линијата за сечење
права и брзината на напредувањето еднообразна.
Ако сечењето не ја следи вашата планирана линија
на сечење, не обидувајте се да го присилите
алатот назад на оригиналната линија. На тој
начин може да дојде до лепење на сечилото и да се
предизвика опасен повратен удар и можна тешка
повреда.
Потопни засеци (отсекување)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
повратен удар, почитувајте ги следниве
инструкции.
1.
Поставете го алатот врз шината-водилка со
задниот раб на основата на алатот спроти фиксниот
стопирач или соодветниот дел што е прицврстен на
шината-водилка.
За да избегнете
46 МАКЕДОНСКИ
► Сл.24: 1. Фиксен стопирач
2.
Држете го алатот цврсто со едната рака за
предниот држач, а со другата на рачката од алатот.
Притиснете го копчето за одблокирање и вклучете
го алатот, потоа почекајте додека сечилото достигне
целосна брзина.
3.
Полека притиснете ја главата на пилата до
однапред поставената длабочина на засекот и
поместете го алатот нанапред до посакуваната
потопна позиција.
НАПОМЕНА: Триаголниот знак на куќиштето на
сечилото го покажува приближниот центар на
сечилото.
► Сл.25: 1. Триаголен знак
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ВНИМАНИЕ:
Исчистете го штитникот за
да се осигурите дека нема насобран прав и
отпадоци, што може да го наруши работењето
на долниот заштитен систем. Ако заштитниот
систем е нечист, тоа може да го ограничи
правилното работење, што може да резултира
со тешка телесна повреда. Најефикасниот начин
да се изврши ова чистење е со употреба на
компримиран воздух. Ако правот се издувува
преку штитниците, носете соодветна заштита
за очи и дишење.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Замена на карбонските четкички
► Сл.26: 1. Гранична ознака
Редовно проверувајте ги карбонските четкички.
Заменете ги кога ќе се истрошат до граничната
ознака. Одржувајте ги карбонските четкички
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете карбонски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични карбонски
четкички.
1.
Извадете ги капачињата на држачите на
четкичките со одвртка.
2.
Извадете ги истрошените карбонски четкички,
вметнете ги новите и стегнете ги капачињата на
држачите на четкичките.
► Сл.27: 1. Држач на четкичка
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents