Makita CA5000 Instruction Manual page 43

Aluminum groove cutter
Hide thumbs Also See for CA5000:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
► Сл.5
5.
Пред да го спуштите алатот по
завршувањето на сечењето, осигурете се
дека заштитникот се затворил и сечилото
целосно запрело.
6.
Никогаш не обидувајте се да сечете со
циркуларната пила превртена наопаку,
прицврстена со менгеме. Тоа е многу опасно
и може да доведе до сериозни несреќи.
► Сл.6
7.
Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете ги
упатствата од производителот на материјалот.
8.
Не сопирајте ги сечилата со латерален
притисок врз сечилото на пилата.
9.
Не користете никакви абразивни тркала.
10. Користете само сечило на пила со
дијаметар што е означен на алатот или
назначен во прирачникот. Употребата на
сечило со неправилни димензии може да
влијае врз правилната заштита или работењето
на сечилото или заштитникот, што може да
резултира со тешка телесна повреда.
11.
Чувајте го сечилото остро и чисто.
Наслагите и дрвените отпадоци кои остануваат
залепени на сечилото, ја забавуваат пилата и
го зголемуваат потенцијалот за повратен удар.
Одржувајте го сечилото чисто прво вадејќи го
од алатот, потоа чистејќи го со отстранувач
на наслаги, врела вода или керозин. Никогаш
немојте да користите бензин.
12. При користење на алатот, носете заштитна
маска за прашина и заштита за слухот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Брзо прекинување за сечење на
жлебовите за дебелина на штица
од 3, 4 или 6 мм
Со вртење на брзото прекинување може да ја
изберете соодветната длабочина на беспрекорно
сечење жлебови за дебелина на штица од 3, 4 или
6 мм.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
43 МАКЕДОНСКИ
Бројот што се гледа од страната на рачката укажува
на дебелината на засекот на работниот материјал.
За фино нагодување на длабочината на жлебот
користете го копчето за нагодување на длабочината.
► Сл.7: 1. Брзо прекинување 2. Копче за
нагодување на длабочината
Длабочината од 0 мм е поставена правилно кога алатот
се испорачува од фабрика, но доколку сте ја промениле
длабочината на жлебот со копчето за нагодување,
нагодете ја длабочината од 0 мм на следниов начин:
1.
Свртете го брзото прекинување на 0 мм.
2.
Свртете го копчето за нагодување на
длабочината за да ја нагодите длабочината.
3.
Осигурете се дека сечилото не доаѓа во допир
со работниот материјал.
4.
Држете го алатот цврсто со едната рака за
предниот држач, а со другата на рачката од алатот.
Потоа притиснете го копчето за одблокирање и
вклучете го алатот.
5.
Полека притиснете ја целосно главата на
пилата и проверете дали сечилото за жлеб не
доаѓа во допир, туку речиси го допира работниот
материјал. Доколку не, запрете го алатот и почекајте
додека сечилото за жлеб целосно не запре и
нагодете ја длабочината со повторно вртење на
копчето за нагодување.
Нагодување на длабочината на
сечењето
За нагодување на длабочината на сечењето, свртете
го копчето за нагодување на длабочината.
За подлабок засек, вртете надесно. За поплиток
засек, вртете налево.
► Сл.8: 1. Копче за нагодување на длабочината
Нишанење
Триаголниот знак на основата укажува на центарот
на сечилото за жлебови.
Кога го користите со сечило за жлебови, порамнете го
надворешниот триаголен знак со линијата за сечење.
Кога го користите со сечило на циркуларна пила
(опционален додаток), порамнете го внатрешниот
триаголен знак со линијата за сечење.
► Сл.9: 1. Основа 2. Надворешен триаголен знак
3. Внатрешен триаголен знак 4. Линија на
сечење
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите
кабелот во мрежата, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот, обезбедено е копче за одблокирање.
За вклучување на алатот, притиснете го копчето
за одблокирање и повлечете го прекинувачот за
стартување.
Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.
► Сл.10: 1. Копче за одблокирање 2. Прекинувач

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents