Makita SP001G Instruction Manual page 80

Cordless plunge cut saw
Hide thumbs Also See for SP001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Копче за брзо прекинување за 2
до 3 мм длабочина на сечењето
кога се употребува шина-водилка
(опционален додаток)
Овој алат има копче за брзо прекинување за 2
до 3 мм длабочина на сечење на куќиштето на
запченикот на страната на задната рачка кога се
употребува шината-водилка. Ова се употребува
кога се избегнува расцепување на материјалот
при засекот. Направете премин од 2 до 3 мм од
првиот засек, а потоа направете друг премин од
вообичаениот пресек.
► Сл.10: 1. Копче за брзо прекинување
За да добиете длабочина на сечењето од 2 до 3 мм,
турнете го копчето за прекинување кон ножот за
пила. Ова е погодно за да избегнете расцепување
на материјалот.
За да ја ослободите длабочината на сечење од оваа
позиција за слободна длабочина на сечење, само
повлечете го копчето наназад.
Косо сечење
Олабавете ги стезните шрафови. Поставете го
саканиот агол со соодветно навалување, а потоа
цврсто стегнете ги стезните шрафови.
► Сл.11: 1. Стезен шраф 2. Скала за косо сечење
Може да ја поставите подбазата свртена нагоре како
што е прикажано за да се спречи паѓање на алатот
при надолжно косо сечење.
► Сл.12: 1. Подбаза (изборен додаток)
Позитивен запирач
Позитивниот стопирач е корисен за брзо
поставување на саканиот агол. Завртете го
позитивниот стопирач, така што стрелката на него ќе
покажува 22,5°. Олабавете ги стезните шрафови на
предниот и задниот дел. Потоа навалувајте го ножот
додека не застане и прицврстете ја основата со
стезните шрафови.
► Сл.13: 1. Позитивен запирач 2. Стезен шраф
Надолжно косо сечење од 48°
За да извршите надолжно косо сечење од 48°,
олабавете ги стезните шрафови и целосно навалете
го лостот во насока на стрелката на сликата. Потоа
поставете го аголот за надолжно косо сечење на 48°
и стегнете ги стезните шрафови.
► Сл.14: 1. Лост
Надолжно косо сечење од -1°
За да извршите надолжно косо сечење од -1°,
олабавете ги стезните шрафови и притиснете ги
лостовите во насока на стрелката на сликата. Потоа
поставете го аголот за надолжно косо сечење на -1°
и стегнете ги стезните шрафови.
► Сл.15: 1. Лост
Нишанење
► Сл.16: 1. Основа
Линијата за сечење варира во зависност од
аголот на сечење и дали користите шина-водилка
(опционален додаток).
Кога употребувате алат без шина-водилка
За праволиниско сечење, порамнете ја положбата A на предниот
дел од основата со вашата линија за сечење. За закосено
сечење под агол од 45°, порамнете ја со положбата B.
Кога употребувате алат со шина-водилка
За праволиниско сечење и за закосено сечење под
агол од 45°, секогаш порамнувајте ја положбата A на
предниот дел од основата со вашата линија за сечење.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
батеријата во алатот, проверете го прекинувачот
дали функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
оневозможувајте го копчето за блокирање
туркајќи го надолу или на друг начин.
Прекинувачот со поништено копче за блокирање
може да резултира со ненамерно стартување на
алатот и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако работи со едноставно
повлекување на прекинувачот без да се притисне
копчето за блокирање. Прекинувачот што треба
да се поправи може да резултира со ненамерно
стартување на алатот и тешка телесна повреда.
Вратете го алатот во сервисен центар на Makita за
соодветна поправка ПРЕД натамошна употреба.
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот, обезбедено е копче за одблокирање.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за одблокирање и притиснете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.
► Сл.17: 1. Прекинувач за стартување 2. Копче за
одблокирање
ЗАБЕЛЕШКА:
прекинувачот без да го притиснете копчето за
заклучување. Тоа може да предизвика дефект на
прекинувачот.
Бирач за нагодување на брзината
Брзината на алатот може да се нагодува со вртење
на бирачот за нагодување на брзината. Брзината
на ротацијата на ножот се зголемува како што го
зголемувате бројот на бирачот за нагодување на
брзината.
► Сл.18: 1. Бирач за нагодување на брзината
Видете ја табелата за да ја изберете соодветната
брзина за материјалот што ќе се сече. Сепак,
соодветната брзина може да се менува во зависност
од видот или дебелината на материјалот. Главно,
поголемите брзини дозволуваат да го сечете
материјалот побрзо, но ќе се намали времето на
сервисирање на ножот.
80 МАКЕДОНСКИ
Пред да ја ставите
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не
Не повлекувајте го силно

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents