Makita DFS250 Instruction Manual page 33

Hide thumbs Also See for DFS250:
Table of Contents

Advertisement

Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во овој
случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете
ја.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ставите батеријата во алатот, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
► Сл.3: 1. Прекинувач 2. Копче за одблокирање
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
За континуирана работа, повлечете го прекинувачот,
притиснете го копчето за блокирање и потоа
отпуштете го прекинувачот. За да го запрете алатот
од блокираната положба, повлечете го целосно
прекинувачот, а потоа, отпуштете го.
ВНИМАНИЕ:
Прекинувачот може да биде
блокиран во положбата „ON" за поголема
удобност за лицето што ракува со алатот при
подолготрајна употреба. Бидете внимателни
кога го блокирате алатот во положбата „ON" и
одржувајте стабилен зафат на алатот.
НАПОМЕНА: Иако е вклучен прекинувачот и
моторот работи, втичникот не врти. Турнете го
алатот нанапред за да се активира квачилото.
НАПОМЕНА: Алатот автоматски запира ако
моторот врти континуирано околу 6 минути.
Режим на одвртување со туркање
► Сл.4: 1. Копче 2. Индикатор за режим
Овој алат има режим на одвртување со туркање. Во
овој режим, алатот го прекинува напојувањето на
моторот за да ја заштеди енергијата на батеријата
кога алатот не се користи.
За да изберете режим на одвртување со туркање,
повлечете го малку прекинувачот, а потоа, отпуштете
го и брзо притиснете го копчето. Тогаш ќе се вклучи
индикаторот за режим.
Штом го активирате одвртувањето со туркање,
повлечете го прекинувачот и потоа, притиснете го
копчето за блокирање. Притиснете врз втичникот
за одвртување и моторот ќе почне да врти. Со
дополнителен притисок, се активира квачилото
и втичникот ќе почне да врти. Во режим на
одвртување со туркање, моторот и втичникот за
одвртување ќе вртат само ако се примени притисок.
НАПОМЕНА: Ако алатот не работи околу 8 часа
во режим на одвртување со туркање додека е
блокиран прекинувачот, алатот ќе се исклучи.
Во таков случај, отпуштете го прекинувачот и
повторно повлечете го за да го рестартирате
алатот.
Пред да ја
33 МАКЕДОНСКИ
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
► Сл.5: 1. Ламба 2. Копче
За да ја вклучите ламбата, повлечете го малку
прекинувачот и отпуштете го. Светилката ќе се
исклучи приближно 10 секунди по отпуштањето на
прекинувачот.
За да ја исклучите ламбата, повлечете го малку
прекинувачот, отпуштете го и потоа, притиснете го
копчето и задржете го притиснато неколку секунди.
За да го вклучите светлото, изведете ја истата
постапка повторно.
Во режим на одвртување со туркање, додека е
блокиран прекинувачот, ламбата се исклучува
приближно една минута откако ќе запре моторот.
НАПОМЕНА: Кога го повлекувате прекинувачот,
статусот на светилката не може да се промени.
НАПОМЕНА: Околу 10 секунди по отпуштање на
прекинувачот, статусот на светилката може да се
промени.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Прекинувач за обратна акција
► Сл.6: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
секогаш поставувајте го прекинувачот за
обратна акција во неутрална положба.
Овој алат има прекинувач за обратна акција
за менување на насоката на ротација.
Поместете го прекинувачот за обратна акција во
положба (страна A) за ротација во насока на
стрелките на часовникот или во положба (страна
B) за ротација во насока спротивна од стрелките на
часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е во
неутрална положба, прекинувачот за вклучување не
може да се повлече.
Нагодување на дебелината
► Сл.7: 1. Локатор
Длабочината може да се нагоди со свртување
на локаторот. Свртете го во насока „B" за помала
длабочина и во насока „A" за поголема. Едно
целосно свртување на локаторот е еквивалентно на
промена во длабочината од 2 мм (1/16").

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dfs251

Table of Contents