AEG OMNI-RT Original Instructions Manual page 57

Application head
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
h) За конични и прави затици за стругање со навои
употребувајте само неоштетени трнови од
исправната големина и должина, без задно сечење
кај рамото. Соодветниот трн ја намалува можноста од
кршење.
i) Избегнувајте заглавување на дискот за делење
или премногу висок контактен притисок. Не
изведувајте претерано длабоки засеци.
Преоптоварувањето на дискот за делење го зголемува
неговиот напор и чувствителноста за извртување или
блокирање, а со тоа и на можноста за повратен удар или
за кршење на телото за брусење.
j) Не ја позиционирајте раката во правец на
ротацијата односно позади ротирачката разделна
плоча. Ако разделната плоча во парчето кое што се
обработува ја придвижите од Вашата рака натака, во
случај на повратен удар електро-орудието може со
плочата која што се врти директно да биде
катапултирано врз Вас.
k) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и
држете го мирно сè додека дискот не постигне
состојба на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го
извлечете дискот од засекот додека се врти, во
спротивно може да дојде до повратен удар. Ве молиме
дојавете и отстранете ја причината за заглавувањето
или за приклештувањето на дискот за делење.
l) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè
додека истиот се наоѓа во материјалот за обработка.
Дозволете дискот да го достигне целиот број на
вртежи, пред внимателно да го продолжите
сечењето. Во спротивно дискот може да заглави, да
отскокне од материјалот за обработка или да
предизвика повратен удар.
m) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен
удар како резултат на заглавен диск за делење.
Големи материјали за обработка може да свијат како
последица на својата тежина. Материјалот за обработка
мора да биде потпран на двете страни и тоа како во
близина на засекот за делење така и на работ.
n) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„
во постоечки ѕидови или други подрачја каде што се
нема увид. Дискот што навлегува може да предизвика
повратен удар при сечење во гасоводи или водоводи,
понатаму во електрични водови или други објекти.
Овој уред не е наменет како дупчалка за заби и за
друга медицинска намена кај луѓе и животни. Во
спротивно може да дојде до тешки повреди.
Упатството чувајте го внимателно. Користете го
упатството за да информате други лица за ракувањето
со овој електричен уред. Упатството покажете им го и на
тие лица.
Напомена: Дополнителни сигурносн напомени ќе
најдете во упатството за употреба на Вашиот уред за
полнење.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината.
Исто така препорачливо е да се носат очила, цврсти
чевли кои не се лизгаат и престилка.
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
По исклучувањето машибата нема веднаш да се смири.
(Задоцнета работа на работното вретено). Дозволете и
на машината комплетно да сопре пред да ја спуштите.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
112
МАКЕДОНСКИ
Користете само алати чија даозволена брзина е
најмалку колку највисоката брзина на машината без
оптоварување.
Проверете ги глодачките алати пред употреба.
Глодачката алатка мора да биде соодветно монтирана и
слободно вртлива. Направете тест во траење од
минимум 30 секунди без оптоварување. Не користете
оштетени, изместени или глодачки алати кои вибрираат.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри.
Погрижете се луѓето да не бидат загрозени. Поради
ризик од пожар, запалливи матери не смеат да бидат
лоцирани во близина (зона на искрење). Не користете
издув за прав.
Треба да се поведе соодветна грижа за искрите или
честичките од камена прашина кои летаат од
обработуваното парче да не дојдат во контакт со вас.
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да
се почне со работа со машината.
Во случај на ефект од екстремни електромагнетни
пречки од надвор, може да дојде до привремено
варирање на брзината на ротација во одредени
случаеви може да се зголеми.
Секогаш користете ги и чувајте ги глодачките дискови
согласно препораките на производителот.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да
бидат цврсто стегнати доколку не се држи со самата
своја тежина. Работните предмети никогаш да не се
водат рачно према плочата.
Осигурете се дека алатот за глодање е инсталиран
соодветно препораките на производителот.
Димензијата на глодачкиот алат мора да биде соодветен
на глодалката.
При прашливи зафати, вентилациските отвори на
машината мора да бидат сочувани отворени, исклучете
го напојувањето на машината и исчистете ја правта. За
ова користете неметални предмети, при тоа внимавајќи
да не се оштетат внатрешните делови.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Во комбинација со погонската единица AEG OMNIPRO
главата на брусалката може да се користи за брусење и
разделување од дрво, метал и пластика, особено на
тешко достапни површини.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
Во секој случај почитувајте ги упатствата
напроизводителите на приборот.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-23:2013
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-11-25
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само AEG додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на
адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Секогаш кога преземате активности врз
машината исклучете го кабелот од струјата
(OMNI12C-PB, OMNI 18C-PB).
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба (OMNI 300-PB).
За да се редуцира ризикот од повреди или
оштетувања, потребно е да се избегнува
контакт со врелата површина.
Постојано да се носат заштитни очила!
Електричните апарати и батериите што
се полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
113

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents