Makita UR006G Instruction Manual page 98

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for UR006G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Копче за обратна акција за
отстранување отпадоци
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
и извадете ја касетата за батеријата пред да ги
отстраните заплетканите трева или отпадоци,
што не може да се отстранат со функцијата за
обратна акција. Ако не го исклучите алатот и не ја
извадите касетата за батеријата, може да дојде до
тешка телесна повреда предизвикана од случајно
стартување.
Овој алат има копче за обратна акција за
промена на насоката на ротација. Служи само за
отстранување заплеткан плевел или отпадоци од
алатот.
За обратна ротација, кога алатот за сечење е
запрен, допрете го копчето за обратна акција и
повлечете го прекинувачот за стартување додека
го притискате лостот за деблокирање. Кога
ќе го повлечете прекинувачот за стартување,
индикаторите за брзина и ADT-индикаторот
започнуваат да трепкаат, а алатот за сечење ротира
во обратна насока.
За да се вратите на нормална ротација, отпуштете
го прекинувачот и почекајте додека да запре алатот
за сечење.
► Сл.12: 1. Индикатор за брзина 2. ADT-индикатор
3. Копче за обратна акција
НАПОМЕНА: За време на обратната ротација,
алатот работи само кратко време и потоа,
автоматски запира.
НАПОМЕНА: Штом алатот запре, ротацијата се
враќа на нормалната насока кога алатот повторно
ќе биде вклучен.
НАПОМЕНА: Ако го допрете копчето за обратна
акција додека алатот за сечење сѐ уште ротира,
алатот запира и е подготвен за обратна ротација.
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка. Ако
алатот постојано не успева брзо да запре по
отпуштање на прекинувачот за стартување, треба да
се однесе на сервис во нашиот сервисен центар.
ВНИМАНИЕ:
Системот на сопирачката не
е замена за заштитникот. Никогаш не користете
го алатот без заштитникот. Незаштитен алат
за сечење може да резултира со тешка телесна
повреда.
Електронска функција
Контрола на постојаната брзина
Функцијата за контрола на постојаната брзина
обезбедува константна брзина на ротација, без
оглед на преоптовареноста.
Одлика за меко започнување
Започнете меко заради потиснатиот почетен удар.
Исклучете го алатот
98 МАКЕДОНСКИ
СОСТАВУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
алатот да е исклучен и касетата за батеријата
да е извадена пред да направите нагодување
или проверка на алатот. Ако не го исклучите
алатот и не ја извадите касетата за батеријата,
може да дојде до тешка телесна повреда
предизвикана од случајно стартување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
стартувајте го алатот ако не е целосно
составен. Работењето со делумно составен алат
може да резултира со тешка телесна повреда
заради случајно стартување.
Монтирање на рачката
За UR006G
Вметнете го вратилото на рачката во дршката.
1.
Порамнете го дупчето за шрафот со дупчето на
вратилото. Цврсто стегнете го шрафот.
► Сл.13: 1. Дршка 2. Шраф 3. Оска
ЗАБЕЛЕШКА:
Обрнете внимание на насоката
на дршката. Дупчињата за шрафови нема да
бидат порамнети ако дршката не е вметната во
правилната насока.
Нагодете ја положбата на рачката, а потоа
2.
затегнете го копчето за да ја фиксирате рачката.
► Сл.14: 1. Копче
За UR007G
Прикачете ги горната и долната стега на
1.
придушувачот.
Ставете ја рачката на горната стега и
2.
зацврстете ја со завртки со имбус-глава како што е
прикажано.
► Сл.15: 1. Завртка со имбус-глава 2. Рачка
3. Горна стега 4. Придушувач 5. Долна
стега
Прикачување на препреката
Само за моделот со кружна рачка (зависи од
земјата)
Доколку препреката е вклучена во вашиот модел,
прикачете ја препреката на рачката со помош на
нејзиниот шраф.
► Сл.16: 1. Препрека 2. Шраф
ВНИМАНИЕ:
По склопување на
препреката, не вадете ја. Препреките работат
како безбедносен дел што ќе го спречи случајниот
контакт меѓу вас и сечилото.
Секогаш уверете се
Никогаш не

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ur007g

Table of Contents