Makita CL183D Instruction Manual page 39

Cordless
Hide thumbs Also See for CL183D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Систем за заштита на батеријата
Овој алат е опремен со систем за заштита на
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето
ако алатот и/или батеријата се поставени под еден
од следниве услови:
Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што
предзивикува тој да повлекува
ненормално висока електрична енергија.
Во оваа ситуација, отпуштете го
прекинувачотна алатот и прекинете
со примената која предизвикала
преоптовареност на алатот. Потоа,
повторно повлечете го прекинувачот за да
го рестартирате алатот.
Ако алатот не се вклучи, батеријата е
презагреана. Во оваа ситуација, оставете
батеријата да се олади пред повторно да
го повлечете прекинувачот.
Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата
е премал и алатот не може да работи.
Ако го повлечете прекинувачот, моторот
работи уште малку, но набрзо запира. Во
оваа ситуација, извадете ја и наполнете ја
батеријата.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата во
алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
► Сл.3: 1. Прекинувач
За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за исклучување на алатот.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка
на алатот, секогаш проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Фрлање на правот во отпад
ВНИМАНИЕ:
Испразнете го чистачот пред да се наполни
прекумерно, во спротивно, ќе се намали
силата на смукање.
Испразнете го правот што се наоѓа внатре во
самиот чистач. Во спротивно, филтерот може
да се затне или моторот може да се оштети.
► Сл.4: 1. Капсула
За правот што е залепен на филтерот во капсулата
да падне, потчукнете ја капсулата 4 или 5 пати со
вашата рака.
► Сл.5: 1. Капсула 2. Довод за смукање
Сега, свртете го отворот за смукање надолу, свртете
ја капсулата во насока на стрелката на дијаграмот, и
бавно и рамномерно откачете ја капсулата.
НАПОМЕНА:
Кога ја отворате капсулата, може да се
истури прав. Држете ја капсулата колку што е
можно повеќе во вертикална положба и под
неа поставете вреќа за отпад.
► Сл.6: 1. Предфилтер 2. Капсула
Отстранете го насобраниот прав од внатрешноста
на капсулата и од предфилтерот.
► Сл.7: 1. Предфилтер 2. Прстен за
прицврстување
Свртете го предфилтерот во насока на стрелката
за да го олабавите прстенот за прицврстување
од единицата на чистачот, и потоа, извлечете го
предфилтерот.
► Сл.8: 1. Предфилтер 2. Филтер
Исчитете го ситниот прав од предфилтерот. Следно,
извадете го филтерот и нежно потчукнете го за да
падне правот.
Повторно склопување
► Сл.9: 1. Предфилтер 2. Филтер
Прво, поставете го филтерот без да го одлепувате.
Ако филтерот се постави неправилно, правот ќе
навлезе во куќиштето и ќе предизвика дефект
на моторот. Второ, поставете предфилтер врз
филтерот.
► Сл.10: 1. Прстен за прицврстување
Завртете го комплетот филтри и прилагодете
ја положбата на двата брега за прицврстување
на предфилтерот, и поврзете ги во одводот на
куќиштето на чистачот.
► Сл.11: 1. Ознаки за порамнување
► Сл.12: 1. Рачка 2. Капсула
Поврзете капсула, во согласност со ознаките за
порамнување на рачката и на капсулата, и цврсто
завртете ја капсулата во насока на стрелката додека
не се стегне цврсто.
НАПОМЕНА:
Секогаш отстранувајте прав предвреме,
бидејќи силата на смукање ќе се намали ако
има премногу прав во чистачот.
Секогаш проверувајте дали филтерот и
предфилтерот се правилно поставени пред
да започнете со употреба на чистачот. Ако
се поставени неправилно, правот ќе навлезе
во куќиштето на моторот и ќе предизвика
дефект на моторот.
39 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents