Makita DVC867L Instruction Manual page 81

Cordless
Hide thumbs Also See for DVC867L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ЗАБЕЛЕШКА:
Пред употреба на филтерот
за прав, осигурете се дека предфилтерот и
придушувачот секогаш се користат заедно.
Не е дозволено филтерот за прав да се монтира
самостојно.
Монтирање на хартиената торба
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
хартиената торба, исто така, користете го и
предфилтерот што е однапред монтиран на
алатот. Ако не се користи и предфилтерот, тоа
може да предизвика необична бучава и топлина,
што може да резултира со пожар.
ВНИМАНИЕ:
Пред употреба на хартиената
торба, осигурете се дека филтерот за прав,
придушувачот и предфилтерот секогаш се
користат заедно.
1.
Издолжете ја хартиената торба.
2.
Порамнете го отворот на хартиената торба со
отворот за смукање прав на правосмукалката.
3.
Вметнете го картонот од хартиената торба на
држачот, така што ќе биде позициониран на крајот
зад издадениот дел.
► Сл.11: 1. Хартиена торба 2. Држач
Монтирање на полиетиленската
вреќа
Правосмукалката, исто така, може да се користи и
без полиетиленската вреќа. Сепак, со користење на
полиетиленската вреќа, полесно е да се испразни
резервоарот без валкање на рацете.
Раширете ја полиетиленската вреќа во резервоарот.
Вметнете ја помеѓу плочата на држачот и резервоарот
и повлечете ја до влезниот отвор за цревото.
► Сл.12: 1. Плоча на држачот 2. Полиетиленска
вреќа
Раширете ја вреќата околу врвот на резервоарот,
така што работ на предфилтерот ќе може да ја фати
и безбедно да ја држи вреќата.
► Сл.13: 1. Предфилтер
НАПОМЕНА: Може да се користи комерцијално
достапна полиетиленска вреќа. Се препорачува
да биде со дебелина од 0,04 мм или повеќе.
НАПОМЕНА: Ако се собере премногу прав,
вреќата може лесно да се скине, затоа не
собирајте прав повеќе од половината од
капацитетот на вреќата.
Празнење на полиетиленската вреќа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
проверувајте дали правосмукалката е
исклучена и дали касетата со батеријата
е извадена пред да ја испразните
полиетиленската вреќа. Во спротивно, може да
дојде до струен удар и тешка телесна повреда.
Кога се користи
Секогаш
81 МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ:
Не применувајте преголема
сила врз резервоарот. Ако се применува
преголема сила, може да дојде до деформирање
и оштетување на деловите.
ВНИМАНИЕ:
Празнете го резервоарот
најмалку еднаш дневно, иако тоа сепак зависи
од волуменот на собран прав во резервоарот.
Во спротивно, силата на смукање ќе се намали и
може да дојде до дефект на моторот.
ВНИМАНИЕ:
Не држете ја куката кога го
празните резервоарот. Ако ја држите куката, таа
може да се скрши.
Откачете ја куката и подигнете го капакот на
резервоарот.
Протресете го правот од предфилтерот, а потоа,
извадете ја полиетиленската вреќа од резервоарот.
► Сл.14
НАПОМЕНА: Внимателно вадете ја
полиетиленската вреќа од резервоарот за да
не се зафати и скине од издадените делови во
резервоарот кога ја празните.
НАПОМЕНА: Испразнете ја полиетиленската
вреќа пред да се наполни. Ако се собере премногу
прав во резервоарот, полиетиленската вреќа може
да се скине.
Монтирање на кутијата со алати
1.
Ослободете ја бравата на капакот на
батеријата и отворете го.
2.
Поставете ги шините на кутијата со алати долж
жлебовите на куќиштето.
3.
Затворете го капакот на батеријата и прикачете
ја бравата.
► Сл.15
Кутијата со алати е погодна за носење на батериите,
цевката или ракавите.
► Сл.16
Поврзување на цревото
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не виткајте го и
не газете го цревото. Никогаш не движете
ја правосмукалката држејќи ја за цревото.
Прекумерната сила, газењето и влечењето за
цревото може да предизвикаат кршење или
деформирање на цревото.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога смукате отпад со голем
обем, како на пример делканици од стружење,
бетонски прав или слични работи освен
отпад со мал обем, користете го цревото со
внатрешен дијаметар од 38 мм (опционален
додаток). Ако се користи цревото со внатрешен
дијаметар од 28 мм (опционален додаток), тоа
може да се затне и да се оштети.
Ставете го цревото на монтажниот склоп на
резервоарот и потоа вртете го на десно додека не
се заклучи.
► Сл.17

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dvc157l

Table of Contents