Makita DVC867L Instruction Manual page 80

Cordless
Hide thumbs Also See for DVC867L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи работниот
век на алатот и на батеријата. Алатот автоматски ќе се
исклучи за време на работењето ако тој или батеријата
се најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот се работи на начин што предизвикува
повлекување прекумерно висока струја, тој автоматски
се исклучува без никаква индикација. Во таква
ситуација, исклучете го алатот и запрете со примената
која предизвикала негово преоптоварување. Потоа,
повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
вклучено
Кога алатот е прегреан, тој автоматски запира, а
индикаторот за батеријата трепка околу 60 секунди.
Во оваа ситуација, оставете го алатот да се олади
пред повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на
ниско ниво, алатот автоматски се исклучува. Ако
производот не работи дури ни кога прекинувачите ќе
се вклучат или исклучат, извадете ги батериите од
алатот и наполнете ги.
Вклучување
► Сл.7: 1. Прекинувач за режим на подготвеност
2. Копче за напојување 3. Копче за
нагодување на силата на смукање
За да ја стартувате правосмукалката:
1.
Поставете го прекинувачот за режим на
подготвеност на страната „I". Правосмукалката
влегува во состојба на подготвеност.
2.
Притиснете го копчето за напојување.
За правосмукалката да влезе во режим на подготвеност,
повторно притиснете го копчето за напојување.
За да ја исклучите правосмукалката, поставете го
прекинувачот за режим на подготвеност на страната
„О".
Силата на смукање може да се нагоди во согласност
со работата што ќе се извршува.
Силата на смукање може да се зголеми со вртење
на копчето за нагодување на силата на смукање од
симболот
на симболот
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш поставете го
прекинувачот за режим на подготвеност
на страната „О" кога нема да ја користите
правосмукалката подолго време.
Правосмукалката троши енергија за време на
состојбата на подготвеност.
Трепка
.
80 МАКЕДОНСКИ
Заклучување или отклучување на
тркалото со зглоб
► Сл.8: 1. Тркало со зглоб 2. Лост за запирање
3. Позиција СЛОБОДНО 4. Позиција
ЗАКЛУЧЕНО
Заклучувањето на тркалото со зглоб е погодно
кога ја складирате правосмукалката, при тоа
исклучувајќи ја и држејќи ја правосмукалката мирно.
За да ракувате со запирачот, придвижете го со
раката.
За да го заклучите тркалото со зглоб со запирач,
спуштете го лостот за запирање и тркалото со зглоб
нема веќе да се врти. За да го ослободите тркалото
со зглоб од заклучената позиција, подигнете го
лостот за запирање.
НАПОМЕНА: Кога ја движите правосмукалката,
осигурете се дека тркалото со зглоб е отклучено.
Ако ја движите правосмукалката со тркалото со
зглоб во заклучена позиција, може да настане
оштетување на тркалото со зглоб.
Транспортна рачка
Кога ја носите правосмукалката, држете ја за
рачката на главата. Рачката има можност за
вовлекување во главата кога не се користи.
► Сл.9
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш носете маска за прав
при составување или одржување.
Монтирање на филтерот за прав
(HEPA) и предфилтерот (за сув
прав)
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не смукајте вода,
ниту други течности, ниту пак влажен прав
кога го користите филтерот за прав. Смукањето
такви работи може да предизвика кршење на
филтерот за прав.
За да го користите филтерот за прав:
1.
Поставете го предфилтерот во резервоарот со
усогласување на позиционите ознаки за монтажа.
2.
Монтирајте го придушувачот на филтерот
за прав и потоа ставете ги во предфилтерот со
усогласување на позиционите ознаки за монтажа.
3.
Монтирајте го капакот на резервоарот и
заклучете го.
► Сл.10: 1. Капак на резервоарот 2. Филтер
за прав (HEPA) 3. Придушувач
4. Предфилтер 5. Резервоар
6. Позициона ознака за монтирање

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dvc157l

Table of Contents