Download Print this page

Makita DUR190U Instruction Manual page 84

Cordless
Hide thumbs Also See for DUR190U:

Advertisement

4.
Никогаш не обидувајте се да го вклучите
алатот ако е оштетен или ако не е целосно
склопен. Во спротивно, може да настане
тешка повреда.
Нагодете ги ременот за рамо и дршката за
5.
рака да одговараат на големината на телото
на операторот.
6.
Кога вметнувате касета за батерија, држете
го додатокот за сечење подалеку од вашето
тело и другите предмети, вклучувајќи ја
земјата. Може да започне да врти кога ќе се
стартува и може да предизвика повреда или
оштетување на алатот и/или имотот.
7.
Извадете ги клучот за нагодување, другите
клучеви и капакот на сечилото пред да го
вклучите алатот. Додатокот оставен прикачен
на подвижен дел од алатот може да доведе до
телесна повреда.
8.
Алатот за сечење мора секогаш да биде
опремен со штитник. Никогаш не работете
со алатот со оштетени штитници или без
поставени штитници!
9.
Внимавајте да нема електрични кабли,
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетат со употребата на алатот.
Работење
1.
Во итен случај, веднаш исклучете го алатот.
2.
Ако чувствувате каква било необична
состојба (на пример бучава, вибрации) при
работата, исклучете го алатот и извадете
ја касетата за батеријата. Не користете го
алатот додека не се открие причината и
разреши дефектот.
3.
Додатокот за сечење продолжува да врти
кратко време откако алатот ќе се исклучи.
Не брзајте да го допрете додатокот за
сечење.
4.
При работењето, користете го ременот за
рамо. Држете го алатот цврсто од вашата
десна страна.
5.
Не пресегајте предалеку. Одржувајте добра
стабилност и рамнотежа со нозете цело
време. Внимавајте на скриени пречки, како
на пример трупци, корења и дупки, за да
избегнете сопнување.
6.
Секогаш внимавајте како газите по стрмни
падини.
7.
Одете, никогаш не трчајте.
8.
Никогаш не работете качени на скала или на
дрво за да избегнете губење на контролата.
9.
Ако алатот се здобие со тежок удар или
пад, проверете ја неговата состојба пред
да продолжите со работа. Проверете
дали контролите и безбедносните уреди
функционираат исправно. Доколку има
какво било оштетување или сомнеж за
тоа, побарајте проверка и поправка од наш
овластен сервисен центар.
10. Одморајте се за да спречите губење на
контролата заради замор. Препорачуваме да
правите паузи за одмор од по 10 до 20 минути
секој час.
11.
Кога го оставате алатот, дури и за кратко
време, секогаш вадете ја касетата за
батерија. Ако алатот се остави без ваше
присуство со монтирана касета за батерија,
може да биде употребен од неовластено лице
и да предизвика тешка несреќа.
12. Ако помеѓу додатокот за сечење и
штитникот се зафати трева или гранки,
секогаш исклучувајте го алатот и вадете ја
касетата за батерија пред да го исчистите.
Во спротивно, додатокот за сечење може
ненамерно да започне да врти и да предизвика
тешка повреда.
13. Никогаш не допирајте ги опасните делови
што се движат пред целосно да запрат и
касетата за батерија се извади.
14. Ако додатокот за сечење удри во камења
или други тврди предмети, веднаш
исклучете го алатот. Потоа, извадете
ја касетата за батерија и проверете го
додатокот за сечење.
15. Често проверувајте дали на додатокот за
сечење има пукнатини или оштетувања
при работата. Пред да извршите проверка,
извадете ја касетата за батерија и почекајте
додека додатокот за сечење целосно не
запре. Веднаш заменете го оштетениот
додаток за сечење, дури и ако има само
површински пукнатини.
16. Никогаш не сечете над висина на струкот.
17. Пред да започнете со сечење, почекајте
додека додатокот за сечење не постигне
постојана брзина по вклучувањето на
алатот.
18. Кога користите алат за сечење, рамномерно
замавнувајте со алатот во полукругови од
десно налево, како што се користи коса.
19. Држете го алатот само за изолираните
држачи бидејќи сечилото може да дојде
во допир со скриени жици. Сечилата кои
ќе допрат жица под напон можат да пренесат
струја на изложените метални делови на
алатот и може да предизвикаат струен удар кај
лицето кое ракува со алатот.
20. Не стартувајте го алатот за сечење кога е
заплеткан со исечена трева.
21. Пред да го стартувате алатот за сечење,
осигурете се дека не ја допира земјата и
друг пречки, како на пример дрво.
22. За време на работата, секогаш држете го
алатот со двете раце. Никогаш не држете го
алатот со една рака за време на неговата
употреба.
23. Не користете го алатот при лоши временски
услови или ако постои ризик од громови.
Алати за сечење
1.
Не користете алат за сечење што не сме го
препорачале.
2.
Користете соодветен додаток за сечење за
работата што претстои.
Главите за сечење со најлон (глави за
фреза со жица) и пластичните сечила се
соодветни за косење трева.
84 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Dur190lDur191uDur191lDur190lzx3Dur190uzx3