Download Print this page

Makita DUR190U Instruction Manual page 83

Cordless
Hide thumbs Also See for DUR190U:

Advertisement

Општи упатства
1.
Никогаш не дозволувајте луѓе кои не
се запознаени со овие упатства, луѓе
(вклучувајќи деца) со намалени физички,
сетилни или ментални способности, или
недостаток на искуство и знаење, да го
користат овој алат. Децата треба да се
надгледуваат за да не си играат со алатот.
Пред да го стартувајте алатот, прочитајте
2.
го ова упатство за употреба за да се
запознаете со ракувањето со алатот.
3.
Не позајмувајте го алатот на лице кое нема
доволно искуство или познавања во врска со
ракувањето со косилките и жичните тримери.
4.
Кога го позајмувате алатот, секогаш
приложувајте го ова упатство за употреба.
Користете го алатот со голема грижа и
5.
внимание.
Никогаш не користете го овој алат по
6.
консумирање алкохол или наркотични средства
или ако се чувствувате изморени или болни.
7.
Никогаш не обидувајте се да го
модификувате алатот.
8.
Следете ги прописите што се однесуваат на
ракување со косилки и жични тримери во
вашата држава.
Лична заштитна опрема
► Сл.1
Носете заштитен шлем, заштитни очила и
1.
заштитни ракавици за да се заштитите од
разлетан отпад или предмети што паѓаат.
2.
Носете заштита за уши, како на пример тампони
за уши, за да спречите загуба на слухот.
3.
Носете соодветни облека и чевли за сигурна
работа, како на пример работен комбинезон
и цврсти чевли што не се лизгаат. Не носете
лабава облека или накит. Лабавата облека,
накитот или долгата коса можат да бидат
зафатени од подвижните делови.
4.
Кога го допирате сечилото, носете заштитни
ракавици. Сечилата може да нанесат сериозни
исеченици врз голите раце.
Безбедност на работната област
Работете со алатот само во услови на добра
1.
видливост и дневна светлина. Не работете
со алатот во темница или магла.
2.
Не работете со алатот во средини каде што
постои опасност од експлозија, како на пример
во присуство на запаливи течности, гасови
или прав. Алатот создава искри што можат да ја
запалат прашината или испарувањата.
3.
При работењето, никогаш не стојте на
нестабилна или лизгава површина или на
стрмнина. За време на ладните годишни
времиња, внимавајте на мразот и снегот и
секогаш одржувајте стабилна положба со нозете.
4.
При работењето, држете ги луѓето и
животните што се наоѓаат во близина на
растојание од најмалку 15 м од алатот.
Исклучете го алатот веднаш штом некој се
приближи.
5.
Никогаш не работете со алатот кога има
луѓе, особено деца или домашни животни
во близина.
6.
Пред работењето, испитајте дали во
работната област има камења или други
тврди предмети. Тие може да бидат
расфрлени или да предизвикаат опасен
повратен удар и да резултираат со тешка
повреда и/или оштетување на имотот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: користењето на овој
7.
производ може да создаде прав што содржи
хемикалии коишто можат да предизвикаат
респираторни или други болести.
Некои примери за овие хемикалии се
соединенијата што се наоѓаат во пестициди,
инсектициди, ѓубрива и хербициди. Ризикот
од изложувањето зависи од тоа колку често
работите работи од ваков тип. За да ја
намалите изложеноста на овие хемикалии:
работете во добро проветрени области и
со одобрена сигурносна опрема, како маски
за прав што се специјално направени за да
филтрираат микроскопски честички.
Безбедност на електричните
делови и батеријата
Не изложувајте го алатот на дожд или
1.
влажни услови. Ако навлезе вода во алатот,
тоа може да го зголеми ризикот од струен удар.
2.
Не користете го алатот ако прекинувачот не
може да се вклучи и исклучи. Секој алат што
не може да се контролира со прекинувачот е
опасен и мора да се поправи.
Спречете ненамерно стартување. Уверете
3.
се дека прекинувачот е во исклучена
положба пред ставање батерија, подигање
или носење на алатот. Носењето на алатот
со прстот на прекинувачот или со вклучен
прекинувач е причина за несреќи.
4.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален отпад.
5.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
батериите. Електролитот што се ослободува е
корозивен и може да предизвика оштетување
на очите или кожата. Може да е токсичен ако се
голтне.
6.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
Стартување
1.
Пред да го склопите или приспособите
алатот, извадете ја касетата за батерија.
2.
Пред да ракувате со сечилото, ставете
заштитни ракавици.
3.
Пред да ја ставите касетата за батерија,
проверете дали на алатот има оштетувања,
лабави шрафови/навртки или неправилно
склопување. Ако сечилото е истапено,
наострете го. Ако сечилото е свиткано или
оштетено, заменете го. Проверете дали
сите контролни лостови и прекинувачи
функционираат исправно. Исчистете ги и
исушете ги рачките.
83 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Dur190lDur191uDur191lDur190lzx3Dur190uzx3