Makita LS002G Instruction Manual page 129

Cordless
Hide thumbs Also See for LS002G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3.
Вртете го сечилото со рака додека ја држите рачката
целосно спуштена за да се осигурите дека сечилото на
циркуларната пила не допира ниту еден од деловите на
долната основа. Ако е потребно, извршете мали нагодувања.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ново сечило на циркуларната пила и со
отстранетата касета за батерија, секогаш
уверете се дека сечилото не допира ниту
еден од деловите на долната основа кога
рачката е целосно спуштена. Ако сечилото на
циркуларната пила дојде во контакт со основата,
може да предизвика повратен удар и да резултира
со тешка телесна повреда.
► Сл.20
Рака за стопирање
Долната гранична положба на сечилото на циркуларната
пила може лесно да се нагоди со раката за стопирање. За
да ја нагодите, поместете ја раката за стопирање во насока
на стрелката како што е покажано на сликата. Свртете ја
завртката за нагодување, така што сечилото да запира во
саканата положба кога рачката целосно ќе се спушти.
► Сл.21: 1. Имбус-клуч 2. Завртка за нагодување
3. Рака за стопирање
ВНИМАНИЕ:
Секогаш држете ја рачката
цврсто кога нагодувате. Во спротивно, може да
дојде до отскокнување на носачот и телесна повреда.
Нагодување на аголот на спојот
ВНИМАНИЕ:
По промената на аголот на
спојот, секогаш прицврстувајте ја вртливата основа
со враќање на лостот за отпуштање во блокирана
положба и со цврсто стегнување на држачот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ја вртите вртливата
основа, целосно подигнувајте ја рачката.
1.
Ротирајте ги држачот налево и притиснете го
надолу лостот за отпуштање во неблокирана положба.
2.
Држете го и замавнете го држачот од една на
друга страна за да ја свртите основата.
3.
Изедначете го покажувачот со саканиот агол на
скалата на аголот на спојот.
4.
Притиснете го лостот за отпуштање во
блокирана положба и затегнете го држачот.
► Сл.22: 1. Држач 2. Лост за отпуштање 3. Блокирана
положба 4. Неблокирана положба
5. Покажувач 6. Скала на аголот на спој
Функција на позитивно запирање
Оваа аголна пила располага со функција на
позитивно стопирање. Брзо може да поставите десен/
лев агол на спој од 0°, 15°, 22,5°, 31,6°, 45° и 60°.
1.
Свртете ја основата на саканиот позитивен
агол на стопирање додека го притискате надолу
лостот за отпуштање во неблокираната положба.
2.
Намерно притиснете го лостот за отпуштање
нагоре до половина помеѓу неблокираната и
блокираната положба.
По монтирањето
129 МАКЕДОНСКИ
3.
Свртете ја основата на саканиот позитивен
агол на стопирање додека не се зацврсти.
4.
Притиснете го лостот за отпуштање нагоре во
блокирана положба и стегнете го држачот.
► Сл.23: 1. Агол на позитивно запирање 2. Лост
за отпуштање 3. Блокирана положба
4. Неблокирана положба 5. Држач
Нагодување на аголот на закосеност
ВНИМАНИЕ:
По промената на надолжниот
кос агол, секогаш прицврстувајте ја раката
стегнувајќи бројченикот на држачот надесно.
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш отстранувајте ги
горните насочени граничници и вертикалните
менгемиња пред да го нагодите аголот на
закосеност.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го навалувате сечилото на
циркуларната пила, осигурете се дека носачот
е целосно подигнат.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ги менувате аглите на
закосеност, позиционирајте ги повторно
таблите со засеци соодветно како што е
објаснето во делот за позиционирање табли
со засеци.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не затегнувајте го бројченикот
на држачот премногу силно. На тој начин може
да се предизвика дефект на механизмот за
блокирање на аголот на закосеност.
Навалување на сечилото на
циркуларната пила налево
1.
Ротирајте го бројченикот на држачот налево.
2.
Држете ја рачката и навалете го носачот налево.
3.
Изедначете го покажувачот со саканиот агол на
скалата на аголот на закосеност.
4.
Стегнете го бројченикот на држачот надесно за
да ја прицврстите раката.
► Сл.24: 1. Бројченик на држачот 2. Рачка
3. Покажувач 4. Скала на аголот на
закосеност
Навалување на сечилото на
циркуларната пила надесно
1.
Ротирајте го бројченикот на држачот налево.
2.
Држете ја рачката и лесно навалете го носачот
налево.
3.
Навалете го носачот надесно додека го
повлекувате лост за отпуштање за агол на
закосеност од десна страна.
4.
Изедначете го покажувачот со саканиот агол на
скалата на аголот на закосеност.
5.
Стегнете го бројченикот на држачот надесно за
да ја прицврстите раката.
► Сл.25: 1. Бројченик на држачот 2. Рачка 3. Лост
за отпуштање за агол на закосеност од
десна страна 4. Покажувач 5. Скала на
аголот на закосеност

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents