Makita LS002G Instruction Manual page 128

Cordless
Hide thumbs Also See for LS002G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чистење
Ако проѕирниот штитник за сечило се извалка или
на него се залепи прав на таков начин што сечилото
и/или работниот материјал не е веќе видлив,
отстранете ја касетата за батеријата и внимателно
исчистете го штитникот со влажна крпа. Не
користете растворувачи или какви било средства за
чистење на база на бензин врз пластичниот штитник
бидејќи тоа може да предизвика оштетување на
штитникот.
Следете ги упатствата чекор по чекор наведени на
начинот на подготовка за чистење.
1.
Осигурете се дека алатката е исклучена и дека
касетата за батерија е извадена.
2.
Отстранете ја завртката со имбус глава во
насока спротивна на стрелките на часовникот,
користејќи го испорачаниот имбус клуч така што ќе
го држите средишниот капак.
3.
Подигнете ги штитникот на сечилото и
средишниот капак.
4.
Кога чистењето е завршено, вратете го
средишниот капак и стегнете ја завртката со имбус
глава, извршувајќи ги чекорите опишани погоре по
обратен редослед.
5.
Осигурете се дека сте ги вратиле сечилото на
циркуларната пила и централниот капак на нивните
првобитни позиции и стегнете ја завртката со
имбус-глава.
► Сл.13: 1. Имбус-клуч 2. Завртка со имбус-
глава 3. Средишен капак 4. Штитник за
сечилото
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
пружината што го држи штитникот на сечилото.
Ако штитникот се оштети со текот на времето или
поради изложување на ултравиолетова светлина,
обратете се во сервисен центар на Makita за
замена. НЕМОЈТЕ ДА ГО БЛОКИРАТЕ ИЛИ
ВАДИТЕ ШТИТНИКОТ.
Позиционирање на основата со
засеци
Овој алат доаѓа со вградени табли со засеци во
вртливата основа за сведување на минимум на
абењето на излезната страна од засекот. Таблите
со засеци се фабрички нагодени, така што сечилото
на циркуларната пила не е во допир со таблите со
засеци. Пред употребата, нагодете ги таблите со
засеци на следниот начин:
1.
Осигурете се дека сте ја извадиле касетата за
батеријата. Потоа олабавете ги сите шрафови (по
три од левата и од десната страна) прицврстувајќи
ги таблите со засеци.
► Сл.14: 1. Табла со засеци 2. Завртка
2.
Повторно стегнете ги само до степен при кој
таблите со засеци можат лесно да се придвижуваат
со рака.
3.
Целосно спуштете ја рачката, а потоа
повлечете го и турнете го осигурувачот за стопирање
за да ја блокирате рачката во спуштената положба.
Не отстранувајте ја
128 МАКЕДОНСКИ
4.
Повлечете го и свртете го осигурувачот за
стопирање на лизгачкиот столб за да се овозможи
лизгање на носачот.
► Сл.15: 1. Осигурувач за стопирање
5.
Целосно повлечете го носачот кон вас.
6.
Нагодете ги таблите со засеци, така што само
ќе ги допираат страните од запците на сечилото.
► Сл.16
► Сл.17: 1. Сечило 2. Запци од сечилото 3. Табла
со засеци 4. Лево закосено сечење
5. Праволиниско сечење 6. Десно
закосено сечење
7.
Стегнете ги предните завртки (не стегнувајте ги
цврсто).
8.
Лизнете го носачот надолу кон средината
помеѓу предниот крај од таблите со засеци и
насочните граничници. Нагодете ги таблите со
засеци, така што само ќе ги допираат страните од
запците на сечилото.
9.
Стегнете ги централните шрафови (не
стегнувајте ги цврсто).
10. Турнете го носачот целосно кон насочните
граничници и потоа нагодете ги таблите со засеци,
така што само ќе ги допираат страните од запците
на сечилото.
11.
Стегнете ги задните шрафови (не стегнувајте
ги цврсто).
12. Откако ќе ги нагодите таблите со засеци,
ослободете го осигурувачот за стопирање за
блокирање на рачката и подигнете ја рачката. Потоа,
цврсто стегнете ги сите шрафови.
ЗАБЕЛЕШКА:
Откако ќе го поставите аголот
на закосување, уверете се дека таблите со
засеци се правилно нагодени. Правилното
нагодување на основите со засеци ќе помогне во
обезбедувањето правилна поддршка на работниот
материјал и намалување на неговото абење.
Одржување максимален
капацитет на сечење
Овој алат е фабрички нагоден да обезбедува
максимален капацитет на сечење за сечило од 216
мм.
Кога монтирате ново сечило на циркуларната пила,
секогаш проверувајте ја долната гранична положба
на сечилото и, ако е потребно, нагодете ја на
следниов начин:
1.
Извадете ја касетата за батеријата. Потоа
турнете го носачот целосно кон насочниот граничник
и целосно спуштете ја рачката.
► Сл.18: 1. Завртка за нагодување 2. Насочен
граничник
2.
Користете имбус клуч за да ја завртите
навртката за нагодување додека сечилото на
циркуларната пила полека не се најде под
циркуларниот дел од насочниот граничник и горната
површина на вртливата основа.
► Сл.19

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents