Користење На Функцијата Control For Hdmi; Користење На Функциите „Bravia" Sync - Sony HT-ST3 Reference Manual

Hide thumbs Also See for HT-ST3:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Користење на функцијата Control for HDMI
Со овозможување на функцијата Control for HDMI и со поврзување
опрема која е компатибилна со функцијата Control for HDMI преку
кабел за HDMI, поедноставено е работењето со функциите
подолу.
Исклучување на системот
Кога ќе го исклучите телевизорот со копчето за исклучување/
вклучување на далечинскиот управувач на телевизорот,
системот и поврзаната опрема автоматски се исклучуваат.
Системска аудиоконтрола
Ако го вклучите системот додека гледате ТВ, звукот од
телевизорот автоматски ќе се произведе од звучниците на
системот. Јачината на звукот на системот се прилагодува
кога ја прилагодувате јачината на звукот на телевизорот.
Ако последниот пат кога сте го исклучиле телевизорот, звукот
од телевизорот се произведувал од звучниците на системот,
системот автоматски ќе се вклучи, кога повторно ќе го вклучите
телевизорот, и звукот од телевизорот автоматски ќе се произведе
од звучниците на системот.
Audio Return Channel (ARC)
Ако телевизорот е компатибилен со технологијата Audio Return
Channel (ARC), поврзувањето преку кабел за HDMI исто така
испраќа дигитален аудиосигнал од телевизорот до системот.
Не треба да направите посебна аудиоврска за слушање на
звукот од телевизорот преку системот.
10
МК
Репродукција со еден допир
Кога репродуцирате на опремата што е поврзана со системот
преку кабел за HDMI, поврзаниот телевизор автоматски се
вклучува и влезниот сигнал од системот се префрлува на
соодветниот HDMI-влез.
Забелешки
Горните функции може да не работат со определена опрема.
Во зависност од поставките на поврзаната опрема, функцијата
Control for HDMI може да не работи правилно. Погледнете ги
упатствата за работа на опремата.
Користење на функциите „BRAVIA" Sync
Оригиналните функции на Sony кои се наведени подолу, може
да се употребуваат и со производи кои се компатибилни со
„BRAVIA" Sync.
Штедење енергија
Ако на системот е поврзан телевизор што е компатибилен со
„BRAVIA" Sync, потрошувачката на енергија се намалува во режим
на подготвеност, преку запирање на пренесувањето на сигналот
HDMI кога телевизорот е исклучен.
Забелешки за поврзувањата со HDMI
Користете кабел High Speed HDMI. Ако користите стандарден
кабел HDMI, 1080p, сликите во Deep Color или 3D/4K може да
не се прикажуваат добро.
Користете кабел што е одобрен од HDMI.
Користете кабел Sony High Speed HDMI со лого за типот кабел.
Не препорачуваме користење HDMI-DVI-кабел за конверзија.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents