Решавање Проблеми - Sony HT-ST3 Reference Manual

Hide thumbs Also See for HT-ST3:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Проверете ги поставките на поврзаната опрема ако сликата
е лоша или ако не излегува звук од опремата поврзана преку
кабел за HDMI.
Аудиосигналите (одмерна фреквенција, бит-должина итн.)
што се пренесуваат преку приклучокот HDMI, може да бидат
потиснати од поврзаната опрема.
Звукот може да биде прекинат кога одмерната фреквенција или
бројот на канали на аудиоизлезниот сигнал од опремата за
репродуцирање се сменети.
Кога поврзаната опрема не е компатибилна со технологија
заштитена со авторски права (HDCP), сликата и/или звукот од
приклучокот HDMI OUT ARC(TV) може да не се емитува. Во тој
случај, проверете ја спецификацијата на поврзаната опрема.
Кога „TV" е избран за влезен извор на системот,
видеосигналите, преку еден од приклучоците HDMI IN којшто
бил избран последниот пат, излегуваат од приклучокот
HDMI OUT ARC(TV).
Овој систем поддржува преноси Deep Color, „x.v.Colour", 3D и 4K.
За да уживате во слики во 3D, поврзете телевизор
и видеоопрема што се компатибилни со 3D (плеер за
Blu-ray Disc, „PlayStation
3", итн.) со системот користејќи кабли
®
High Speed HDMI, ставете 3D-очила, а потоа репродуцирајте
Blu-ray Disc што е компатибилен со 3D.
За да уживате во 4K-слики, телевизорот и плеерите кои се
поврзани на системот мора да се компатибилни со 4K-слики.
Решавање проблеми
Ако искусите некои од следните тешкотии додека го користите
системот, користете го ова упатство за решавање проблеми за да
ви помогне да го решите проблемот пред да побарате поправки.
Ако кој било проблем е истраен, консултирајте се со најблискиот
продавач на Sony.
НАПОЈУВАЊЕ
Системот не е вклучен.
 Проверете дали АС кабелот за наизменична струја (главен вод)
е безбедно поврзан.
Системот автоматски се исклучува.
 Функцијата „A. STBY" работи. Поставете го „A. STBY" на „OFF"
(погледнете во „Прилагодување на поставките" во упатството
за работа).
SOUND
Од системот не се емитува звук од телевизор.
 Проверете дали влезниот извор е правилно избран. Треба да
се обидете со други влезни извори со притискање на копчето
INPUT неколку пати (погледнете во „Слушање аудио" во
упатството за работа).
 Проверете го поврзувањето на кабелот HDMI, дигиталниот
оптички кабел или аудиокабелот што е поврзан на системот
и телевизорот (погледнете во „Поврзување" во упатството
за работа).
 Проверете дали „TV" е прикажано како влезен извор на
екранот на предниот панел.
 Проверете го аудиоизлезот на телевизорот.
 Проверете за да се осигурите дека јачината на звукот
на телевизорот не е премала или целосно исклучена.
 Кога е поврзан телевизор што е компатибилен со
технологијата Audio Return Channel (ARC) со кабел HDMI,
проверете за да се осигурите дека кабелот е поврзан на
приклучокот HDMI (ARC) на телевизорот.
продолжува
11
МК

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents