Bluetooth Безжична Технологија - Sony HT-ST3 Reference Manual

Hide thumbs Also See for HT-ST3:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
BLUETOOTH безжична технологија
Поддржана верзија и профили на BLUETOOTH
Профилот се однесува на стандардниот сет на можности за
разни можности на производот со BLUETOOTH. Погледнете
„Спецификации" (страница 14) на верзијата и профилите на
BLUETOOTH што се поддржани од овој систем.
Забелешки
За да можете да ја користите функцијата BLUETOOTH, уредот со
BLUETOOTH кој треба да се поврзе мора да го поддржува истиот
профил како и овој систем. Дури и ако уредот го поддржува истиот
профил, функциите може да се разликуваат поради спецификациите
на уредот со BLUETOOTH.
Репродукцијата на аудио на овој систем може да биде одложена
споредено со онаа на уредот со BLUETOOTH, поради
карактеристиките на безжичната технологија BLUETOOTH.
Ефективен опсег за комуникација
Уредите со BLUETOOTH треба да се користат во приближно
10 метри (непречено растојание) еден од друг. Ефективниот опсег
за комуникација може да стане пократок под следните услови.
Кога некое лице, метален објект, ѕид или друга препрека се
наоѓа помеѓу уредите со BLUETOOTH поврзување
Локации каде што е инсталиран безжичен LAN
Околу микробранови печки што се користат
Локации каде што може да се појават други електромагнетни
бранови
Ефекти од други уреди
Уредите со BLUETOOTH и безжичниот LAN (IEEE 802.11b/g) користат
ист фреквентен појас (2,4 GHz). Кога го употребувате вашиот уред
со BLUETOOTH во близина на уред со можност за безжичен LAN,
може да се појават електромагнетни пречки.
Ова може да резултира со послаби стапки на пренос на податоци,
шум и неможност за поврзување. Ако ова се случи, пробајте да го
решите проблемот на следните начини:
Обидете се да го поврзете овој систем и мобилниот телефон
со BLUETOOTH или уредот со BLUETOOTH кога сте најмалку
10 метри оддалечени од опрема со безжичен LAN.
Исклучете ја опремата со безжичен LAN кога го користите
вашиот уред со BLUETOOTH на растојание до 10 метри.
Ефекти врз други уреди
Емитирањето радиобранови од овој систем може да го
попречува работењето на некои медицински уреди. Бидејќи овие
пречки можат да резултираат со дефект, секогаш исклучете ги
напојувањето на овој систем, мобилниот телефон со BLUETOOTH
и уредот со BLUETOOTH на следниве локации:
во болници, возови, авиони, на бензински пумпи, и на било
кои други места каде може да се присутни запаливи гасови;
во близина на автоматски врати или аларми за пожар.
Забелешки
Овој систем поддржува безбедносни функции кои се во согласност
со спецификацијата на BLUETOOTH како средства за обезбедување
безбедност за време на комуникацијата со помош на технологијата
BLUETOOTH. Сепак, оваа безбедност може да биде недоволна во
зависност од содржината на поставките и од други фактори, па затоа
секогаш бидете внимателни кога вршите комуникација со помош на
технологијата BLUETOOTH.
Sony не може да биде одговорен на било кој начин, за оштетувања
или други загуби кои резултираат од протекувањето информации во
текот на комуникацијата со помош на технологијата BLUETOOTH.
Комуникацијата со BLUETOOTH не е нужно гарантирана со сите уреди
со BLUETOOTH кои имаат ист профил како и овој систем.
продолжува
7
МК

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents