Samsung Jet Bot VR30T80 Series User Manual page 64

Hide thumbs Also See for Jet Bot VR30T80 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Безбедносни информации
Пред употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Jet Bot не треба да се користи во близина на
грејни тела или запаливи материјали.
- Jet Bot не треба да се користи покрај оган, како
на пример, покрај преносливо грејно тело,
запалена свеќа, столна ламба, камин итн. или на
места каде што има запаливи материјали како
бензин, алкохол, разредувач итн.
• Проверете дали има опасни предмети во зоната
што треба да ја чисти Jet Bot за да спречите судар
и исклучете ги сите електрични грејни тела или
вентилатори.
- Jet Bot може да се оштети или да не работи
правилно.
• Jet Bot е наменета за домашна употреба и затоа
не треба да се употребува во поткровје, подрум,
складиште, индустриски објект, простор на
отворено, места со влага (како на пример, бања,
пералница), на маса или полици.
- Jet Bot може да се оштети или да не работи
правилно.
• Ставете ги граничните маркери на место каде
што може да падне Jet Bot, како што се скали или
нивната ограда, за да спречите оштетување на
производот и повреди.
- Имајте предвид дека сензорот за дупки мора
постојано да биде чист заради безбедност.
• Осигурете се дека Jet Bot не вшмукува ниту
допира никакви видови течности (вода, пијалак,
нечистотија итн.).
- Jet Bot може сериозно да се оштети и може да
ги контаминира другите места ако тркалата
поминат низ течност.
• Немојте да истурате течности врз приклучната
станица.
- Постои ризик од пожар или електричен удар.
• Не употребувајте ја приклучната станица за ништо
друго освен за нејзината намена.
- Постои ризик од пожар или сериозно
оштетување на приклучната станица.
• За ваша безбедност, секогаш одржувајте го
сензорот за дупки чист.
Македонски
6
• Бидејќи оваа безжична инсталација може да
предизвика радио-пречки, таа не може да
обезбеди услуга поврзана со безбедноста на
луѓето.
ВНИМАНИЕ
• Пред употребата на Jet Bot, вметнете ја кантичката
за прав.
• При монтирање на приклучната станица, не
оставајте го невнимателно кабелот на подот
бидејќи Jet Bot може да се заплетка.
• За да ги исчистите сите области во куќата,
отворете ги сите соби и поставете ги забранетите
зони со апликацијата SmartThing или поставете
ги заради безбедност граничните маркери на
места каде што може да се оштети Jet Bot, како на
пример влезна врата, веранда, бања или скали.
• Следете ги овие препораки за правилно
автоматско полнење.
- Секогаш вклучувајте го напојувањето на
приклучната станица.
- Монтирајте ја приклучната станица онаму каде
што Jet Bot може да се најде лесно.
- Не оставајте никаков предмет пред приклучната
станица.
• Немојте да ја користите Jet Bot на подови со црна
боја.
- Можно е Jet Bot да не работи правилно.
• Немојте да поставувате никакви предмети на
растојание до 0,5 m од двете страни ниту, пак,
на растојание до 1 m од предната страна на
приклучната станица.
• Проверете дали контактот за полнење на
приклучната станица е оштетен или дали има
некакви надворешни честички врз него.
• За многу ниските области каде што Jet Bot
може да се заглави, поставете ги забранетите
зони со апликацијата SmartThing или поставете
ги граничните маркери за да се спречи
навлегувањето на Jet Bot.
• Не ја поставувајте приклучната станица во
просторија со темен под.
- Доколку подот околу приклучната станица е
темен, полнењето ќе биде попречено.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents