Безбедносни Информации - Samsung Jet Bot VR30T80 Series User Manual

Hide thumbs Also See for Jet Bot VR30T80 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Безбедносни информации
• Пред да започнете со употребата на апаратот,
внимателно прочитајте го упатството и зачувајте
го за користење во иднина.
• Заради тоа што следните инструкции за ракување
опфаќаат повеќе модели, карактеристиките на
вашата правосмукалка може да се разликуваат од
опишаните.
Симболи кои се користат за внимание/
предупредување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Укажува на постоење опасност од смрт или тешки
повреди.
ВНИМАНИЕ
Укажува дека постои ризик за повреда или
материјална штета.
Други симболи кои се користат
ЗАБЕЛЕШКА
Укажува дека текстот во продолжение содржи
важни дополнителни информации.
Доколку не се придржувате до овие правила,
можно е да предизвикате оштетување на
внатрешните делови и да ја поништите
гаранцијата.
Општо
• Не дозволувајте да се користи како играчка.
Бидете многу внимателни кога ја користите покрај
или во близина на деца.
• Употребувајте го уредот само како што е опишано
во упатството.
• Не употребувајте ги Jet Bot или приклучната
станица ако се оштетени на каков било начин.
• Ако правосмукалката не работи како што треба,
ви падне, се оштети, остане надвор, или се потопи
во вода, вратете ја во центарот за грижа на
корисници.
• Не ракувајте со приклучната станица или со Jet
Bot ако рацете ви се влажни.
Македонски
4
• Употребувајте ја само на суви површини во
затворени простории.
• Овој уред можат да го користат деца на возраст од
8 или повеќе години и лица со намалени физички,
сетилни или ментални способности или, пак,
недоволно искусни или обучени лица, доколку
бидат надгледувани или им се даваат инструкции
во врска со користење на уредот на безбеден
начин и доколку ги разберат опасностите кои
можат да произлезат. Децата не смеат да си
играат со уредот. Децата не смеат да ја чистат
или одржуваат правосмукалката без надзор на
возрасно лице.
• Поместете ги каблите од другите уреди така што
нема да се наоѓаат во областа што треба да се
чисти.
• Не работете со правосмукалката во соба во која
спие бебе или дете.
• Не работете со правосмукалката во област во која
има запалени свеќи или кршливи предмети на
подот.
• Не работете со правосмукалката во соба
во која има запалени свеќи на мебел во кој
правосмукалката може да удри или да се судри
со него.
• Не дозволувајте им на децата да седат на
правосмукалката.
• Не употребувајте ја правосмукалката на влажна
површина.
• Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде
заменет од страна на производителот, сервисерот
или друго квалификувано лице за да се спречат
опасности.
• За повеќе информации за еколошките обврски
на Samsung и регулаторните обврски за
специфични производи на пр., REACH (WEEE,
батерии) посетете ја веб-страницата: samsung.
com/uk/aboutsamsung/samsungelectronics/
corporatecitizenship/data_corner.html
Приклучна станица
• Не модифицирајте го поларизираниот приклучок
за да може да влезе во неполаризиран штекер
или продолжителен кабел.
• Не ја употребувајте надвор или на влажни
површини.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents