Makita VC011G Instruction Manual page 79

Cordless backpack vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for VC011G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Стега за црево
Стегата за црево може да се користи за држење на
цревото или на флексибилниот гумен додаток.
За да се прицврсти цревото на правосмукалката,
проврете ја стегата за црево низ отворот на самата
правосмукалка. Стегата за црево може да ја
прикачувате на обете страни.
► Сл.11: 1. Стега за црево 2. Отвор 3. Црево
Јамките на долниот ремен може да се користат за
носење на додатоците како што е илустрирано.
► Сл.12: 1. Јамка 2. Млазница
Кука за црево
Кога ќе престанете со работа, куката на составот на
свитканата цевка може да се користи за закачување
на цевката на висечкиот дел од долниот ремен.
► Сл.13: 1. Кука 2. Долен ремен 3. Висечки дел
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да извршите каква било
работа на уредот, секогаш проверувајте дали
тој е исклучен и дали касетата за батеријата е
извадена.
Склопување на цревото
Вметнете го обрачот на цревото во правосмукалката
и завртете го надесно.
► Сл.14: 1. Обрач на цревото 2. Тело на
правосмукалката
Користење како правосмукалка
Прикачување состав од свиткана
цевка
Опционален прибор
НАПОМЕНА: Не треба да ја изведувате оваа
постапка ако составот од свиткана цевка на
вашиот модел веќе е прикачен на цревото.
НАПОМЕНА: Има два типа состави од свиткана
цевка; едниот за продолжна цевка од типот
на лизгање, а другиот за продолжна цевка од
типот со прстен. Ако го подготвувате составот од
свиткана цевка, изберете го оној за саканиот тип
продолжна цевка.
Составот од свиткана цевка се користи за
поврзување на продолжната цевка или додатокот за
смукање со производов.
Ако сакате да го користите производов како
вакуумска правосмукалка, прикачете го составот од
свиткана цевка на цревото.
За склопот на свиткана цевка од типот со
навртување
За да го прикачите, одвртете го предниот муф од
цревото и зацврстете ја ниплата на составот од
свитканата цевка на цревото.
За да го отстраните, олабавете ја ниплата на
составот од свиткана цевка од цревото.
► Сл.15: 1. Црево 2. Состав од свиткана цевка
3. Муф
За склопот на свиткана цевка од типот со
прикачување
За да го прикачите, вметнете го крајот на цревото
во составот од свиткана цевка. Проверете дали
јазичињата на крајот од цревото се прикачиле за
отворите на составот од свиткана цевка.
За да го отстраните, влечете го составот на
свитканата цевка додека притискате на двете
јазичиња на крајот од цревото.
► Сл.16: 1. Крај на цревото 2. Јазиче 3. Отвор
4. Состав од свиткана цевка
Составување на додатокот и
цевката
Опционален прибор
НАПОМЕНА: Типот на додатокот и цевката што се
вклучени во производот се разликува зависно од
земјата. Во некои земји, додатокот и цевката не се
вклучени.
1.
Свртете го и вметнете го додатокот на
продолжната цевка.
► Сл.17: 1. Продолжна цевка 2. Флексибилен
гумен додаток 3. Додаток за агли
4. Приспособлив додаток во форма на Т
за под/тепих
Кога го користите приспособливиот додаток во
форма на Т за под/тепих, може да го менувате
режимот во зависност од местото.
Режим за под: погоден за мазни површини како
што се тврдите подови
Режим за тепих: погоден за површини со
влакна како што се теписите
► Сл.18: 1. Копче за промена на режимот 2. Режим
за под 3. Режим за тепих
НАПОМЕНА: Со вртење на додатокот додека го
вметнувате, тој може безбедно да се прикачи на
продолжната цевка.
НАПОМЕНА: За моделот со црево со ø38 мм
и преден муф 38, прикачете го доставениот
додаток на алуминиумската свиткана цевка/
алуминиумската права цевка.
2.
Следете ја постапката подолу, зависно од типот
на продолжна цевка:
НАПОМЕНА: Продолжната цевка од типот на
лизгање и од типот со прстен не се компатибилни
една со друга. Ако сакате да ја смените
продолжната цевка од типот на лизгање со онаа
од типот со прстен или обратно, сменете го и
составот од свиткана цевка.
79 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vc011gz

Table of Contents