Makita DMR203 Instruction Manual page 122

Cordless job site speaker
Hide thumbs Also See for DMR203:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Спарување на вашиот Bluetooth
уред за прв пат
1. Притиснете го копчето Напојување за да го
вклучите звучникот. На дисплејот ќе се појави
„Pairing" (Спарување) за да покаже дека звучникот
е видлив.
2. Активирајте Bluetooth на вашиот уред според
упатството за корисник на уредот за да поврзете
со радиото. Лоцирајте го списокот на Bluetooth
уреди и изберете го уредот именуван како
'DMR203' (кај некои мобилни на кои се наоѓаат
постари верзии отколку уред со BT2.1 Bluetooth,
може да е потребно да внесете лозинка „0000").
3. Штом ќе се поврзе, ќе се слушне звук за потврда.
На екранот ќе се појави "Paired". Вие едноставно
може да изберете и да репродуцирате секаква
музика од вашиот изворен уред. Контролата
на јачината на звук може да се прилагодува од
вашиот изворен уред или директно од звучникот.
4. Користете ги контролите на вашиот уред
оспособен за Bluetooth или на звучникот за да
репродуцирате/паузирате и управувате со нумери.
Забелешка:
● Ако 2 Bluetooth уреди, кои се спаруваат за прв
пат, го бараат вашиотзвучникот, тој ќе ја покаже
својата достапност на двата уреда. Сепак, ако
еден уред прв се поврзе со звучникот, тогаш
другиот Bluetooth уред нема да може да го најде
на списокот.
● Ако вашиот Bluetooth уред е времено исклучен од
вашиот звучник, тогаш треба повторно рачно да го
поврзете вашиот уред со звучникот.
● Ако „ DMR203 " се прикажувана списокотсо
вашиот Bluetooth уред, но вашиот уред не може
да се поврзе со него, ве молиме избришете ја
ставката од вашиот список иповторно спарете го
уредот со звучникот, следејќи ги чекорите опишани
претходно.
● Оптималниот опсег за пренесување преку
Bluetooth е приближно 10 метри (30 стапки)
(оптичка видливост) до радиото, но и растојание
до 30 метри (100 стапки) е можно.
● Ако Bluetooth поврзувањето се изгуби поради
предолго време на раздвоеност, надминување
на оптималното растојание, пречки или друго,
повторно поврзување на вашиот уред со радиото
може да биде неопходно.
● Физички пречки, други безжични уреди или
електромагнетни уреди може да влијаат на
квалитетот на поврзување.
● Резултатите од поврзувањето преку Bluetooth
може да се разликуваат во зависност од
поврзаните Bluetooth уреди.Ве молиме погледнете
ги Bluetooth способностите на вашиот уред
пред да се поврзете со вашиот звучник. Сите
карактеристики може да не се поддржани кај
некои спарени Bluetooth уреди.
Репродуцирање аудио датотеки во
Bluetooth режим
Кога успешно сте го поврзале вашиот звучник со
избраниот Bluetooth уред, вие може да започнете
да ја репродуцирате вашата музика користејќи ги
контролите на вашиот поврзан Bluetoothуред.
1. Штом репродуцирањето ќе започне, прилагодете
го звукот на бараната поставка користејќи ги
копчињата за Звук на вашиот звучник или на
вашиот активиран Bluetooth уред.
2. Користете ги контролите на вашиот Bluetooth уред
да репродуцирате/паузирате и да се движите
низ нумерите. Алтернативно, контролирајте
ја репродукцијата со користење на копчињата
Репродукција/Пауза, Следна нумера и Претходна
нумера на вашиот звучник.
3. Притиснете го и задржете го копчето за
Брзо премотување нанапред или копчето за
премотување наназад за да се движите низ
тековната нумера. Пуштете го копчето кога ќе се
достигне посакуваната точка.
Забелешка:
● Не сите апликации за плеер или уреди може да
реагираат на сите овие контроли.
● Некои мобилни уреди може привремено да се
исклучат од вашиот звучник кога правите или
примате повици. Некои уреди може времено да
го стават на безгласно нивното пренесување на
аудио преку Bluetooth кога ќе примат текстуални
пораки, е-пораки или од некои други причини кои
не се поврзани со пренесување аудио. Таквото
однесување е функција на поврзаниот уред и не
укажува на дефект кај вашиот звучник.
● Дисплејот ќе ги прикажува информациите за
нумерата како што е насловот, изведувачот,
албумот и сл., кога репродуцира во режим на
Bluetooth.
Репродукција на претходно спарен
изворен Bluetooth уред
Вашиот звучникможе да меморира до 8 сета на
спарени уреди, кога меморијата го надминува овој
број, најстариот податок за спарување ќе биде
пребришан. Ако вашиот Bluetooth уред веќе бил
спарен со звучникот, уредот ќе го меморира вашиот
Bluetooth уред и ќе се обиде повторно да се поврзе
со уредот во меморијата со кој бил поврзан последен
пат. Ако последниот поврзан уред не е достапен,
звучникот ќе може да се пронајде.
122 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents