Makita 9046 Instruction Manual page 21

Hide thumbs Also See for 9046:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Под терминот „електричен алат" во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ШМИРГЛАТА
Секогаш користете очила или заштитни
1.
очила. Обични очила или очила за сонце НЕ
СЕ заштитни очила.
Држете го алатот цврсто.
2.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
3.
алатот само кога го држите в раце.
Овој алат не е водоотпорен, затоа не
4.
користете вода на површината на работниот
материјал.
Кога шмирглате, проветрувајте ја Вашата
5.
работна просторија соодветно.
Некои материјали содржат хемикалии што
6.
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
Кога електричниот алат го користите за
7.
шмирглање на некои производи, бои
и дрво, лицето кое го користи може да
биде изложено на прав кој содржи опасни
состојки. Користете соодветна заштита за
дишење.
Проверете дали основата е пукната или
8.
скршена. Тоа може да доведе до физичка
повреда.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ
ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната
со подолга употреба) да ве наведе да не
се придржувате строго до безбедносните
правила за односниот производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето
на безбедносните правила наведени
во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка на
алатот проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Вклучување
► Сл.1: 1. Копче за заклучување 2. Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите кабелот во
мрежата, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За да го стартувате алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за
стартување за да запрете.
За континуирана работа, повлечете го прекинувачот
и потоа притиснете го копчето за блокирање.
За да го извадите алатот од блокираната положба,
целосно притиснете го копчето за стартување и
потоа отпуштете го.
Предна рачка
► Сл.2: 1. Предна рачка
Позицијата на предната рачка може да се промени
во чекори од по 90°. Повлечете ја предната рачка и
завртете ја во саканата позиција.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот,
проверете дали е исклучен и откачен од
струја.
Монтирање или отстранување на
абразивната хартија
За конвенционален тип на
претходно продупчена абразивна
хартија (стандардна опрема):
Свртете го стезниот лост налево. Вметнете го крајот
на хартијата во стегата, порамнете ги дупчињата на
хартијата со оние на подлошката. Потоа, вратете
го стезниот лост во почетната позиција за да ја
прицврстите хартијата. Повторете го истиот процес
за другиот крај на алатот, задржувајќи ја правилната
тензија на хартијата.
21 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents