Makita 7104L Instruction Manual page 29

Hide thumbs Also See for 7104L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
2. Надолжно проширување (во должина)
Должината на дупката може да се утврди во три
чекори прикажани во долната табела.
П
а а
а
а
П
а
а
П
а а
а
а
П
а а
а
а
НАПОМЕНА:
Малку подолга дупка од планираното може
да се засече во зависност од затегнатоста на
синџирот на секачот.
Шестоаголните завртки за прилагодување
се фабрички прилагодени за сечење дупки
долги 90 мм во положбата за поставување
бр. 1 и дупки долги 120 мм во положбата за
поставување бр. 2.
Туркајте ја надолу дршката за десна рака додека
ја подигнувате дршката за лева рака. Осигурете се
шестоаголната завртка за прилагодување да влезе
цврсто на своето место.
► Сл.11: 1. Лост (C)
Олабавувајте ја шестоаголната навртка држејќи ја
цврсто шестоаголната завртка за прилагодување.
Вртете ја шестоаголната завртка за прилагодување
додке синџирот на секачот не ја достигне саканата
положба, а потоа, стегнете ја шестоаголната
навртка.
► Сл.12: 1. Шестоаголна завртка за
прилагодување за положба
за поставување бр. 1 2. Лост
(C) 3. Шестоаголна завртка за
прилагодување за положба за
поставување бр. 2
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога употребувате притисок за да ја свртите
шестоаголната завртка за прилагодување
или шестоаголната навртка, внимавајте
да не дозволите шестоаголната завртка за
прилагодување да се лизне од положбата за
поставување.
За да го вратите синџирот на секачот назад во
почетната (нормална) положба, повлечете го малку
лостот (C) кон вас притискајќи надолу на рачката
за десна рака и малку подигнувајќи ја рачката за
лева рака, и поместете го синџирот на секачот во
почетната положба.
Кога засекувате дупка, прво употребете ја
нормалната положба, потоа положбата за
поставување бр. 1 и на крај положбата за
поставување бр. 2. Секогаш безбедно закачувајте
ја главата на алатот на куката кога ја менувате
положбата на синџирот на секачот.
► Сл.13: 1. Почетна положба 2. Положба за
поставување бр. 1 3. Положба за
поставување бр. 2 4. Плоча за индикација
5. Линијар
Кога проширувате дупка и трансверзално и
надолжно, засечете ги дупките во назначениот
редослед од бр. (1) до бр. (6) како што е покажано.
Со тоа, проширувањето на дупката ќе биде полесно
и поефикасно.
► Сл.14: 1. Предна основа
Д
а а
а а
а а
52,5
. 1
52,5
- 105
. 2
77,5
- 130
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не обидувајте се да проширувате
дупка со додека синџирот на секачот е сè
уште во рамките на дупката. Со тоа ќе се
предизвика нестабилно и опасно работење.
Никогаш не поставувајте го синџирот на
секачот под агол кога ја засекувате првата
дупка, во спротивно може да настане опасен
повратен удар. Секогаш поставувајте го
синџирот на секачот во нормална положба
кога ја засекувате првата дупка.
Со овој алат може да се сечат споеви со чепови и
жлебови до 130 мм.
► Сл.15
НАПОМЕНА:
Споевите со чепови и жлебови може да се
сечат само на предната страна (страната
настрана од вас) од работниот материјал.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Замена на јагленските четкички
► Сл.16: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги четкичките
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете јагленски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични јагленски
четкички.
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
► Сл.17: 1. Капаче на држач на четкичка
2. Одвртка
Подмачкување
По употребата, отстранете ги прашината и
надворешните материјали залепени на алатот.
Потоа, подмачкајте ги со масло подвижните делови
(особено синџирот на секачот) и местата на допир.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
29 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents