Makita 7104L Instruction Manual page 28

Hide thumbs Also See for 7104L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да го монтирате синџирот на секачот, отворете го
капакот на синџирот. Олабавете ги шестоаголната
завртка што ја прицврстува шипката на синџирот и
завртката за прилагодување.
Насочете ги секачите во насока на стрелката на алатот
(насока на вртење). Прво, поставете го синџирот на
секачот на синџирникот, а потоа на шипката на синџирот.
Стегнете ја шестоаголната завртка до половина.
► Сл.4: 1. Стрелка 2. Ѕвездест лагер
3. Шестоаголна завртка
Вртете ја завртката за прилагодување за
зголемување на затегнатоста на синџирот на секачот.
Малку подигнете го средиштето на синџирот на
секачот. Кога има растојание од приближно 5 - 6 мм
помеѓу шипката на синџирот и синџирот на секачот,
затегнатоста на синџирот на секачот е адекватна.
► Сл.5
По прилагодување на затегнатоста, силно стегнете ја
шестоаголната завртка за да ја прицврстите шипката на
синџирот. Дополнително, малку стегнете ја завртката за
прилагодување. Затворете го капакот на синџирот.
За да го извадите синџирот на секачот, следете ја
постапката за монтирање по обратен редослед.
Прицврстување на алатот на
работниот материјал
► Сл.6: 1. Лост (А) 2. Лост за стегата 3. Задна стега
► Сл.7: 1. Рачка за поставување 2. Предна стега
Олабавете го лостот за стегата и поместете ја задната
стега наназад. Поствете го алатот на работниот
материјал така што предната стега да ја допира
страната од работниот материјал. Поместувајте ја
задната стега нанапред додека растојанието помеѓу
задната стега и работниот материјал не стане 3 - 8
мм. Стегнете го лостот за стегата за да ја прицврстите
задната стега. Движете го алатот така што „0" на
плочата за индикација да е порамнета со линијата на
сечење (A). Турнете го лостот (A) целосно надолу за
да го прицврстите работниот материјал.
Вртете ја рачката за поставување додека предниот
раб на жолтата плоча на индикатор не се порамни
со линијата на сечење (B).
► Сл.8: 1. Плоча на индикатор 2. Плоча за
индикација 3. Линија на сечење (A)
4. Линија на сечење (B)
РАБОТЕЊЕ
► Сл.9: 1. Кука
Цврсто фатете ги дршките од обете страна. Вклучете го
алатот и причекајте додека синџирот на секачот не ја
достигне полната брзина. Потоа, олабавете ја куката и
спуштете ја главата на алатот за да засечете во работниот
материјал. Не употребувајте прекумерен притисок
врз алатот. Тоа може не само да ја намали работната
ефикасност, туку и да предизвика опасна реакција. Движете
го алатот бавно на почетокот од сечењето, во моментот на
дупнување на дупката и при сечење глужд во работниот
материјал. По сечењето, нежно подигајте ја главата на
алатот додека не дојде во положба за да ја закачите главата
на алатот на куката. Потоа, исклучете го алатот. Подигнете го
лостот (A) и извадете го алатот од работниот материјал.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш закачувајте ја главата на алатот на
куката кога не работите со него.
Никогаш не обидувајте се да сечите стуткан
или извиткан работен материјал на кој алатот
не е добро прицврстен.
Прилагодување на плочата
на индикатор и плочата за
индикација
Жолтата плоча на индикатор и плочата за
индикација се фабрички прилагодени за стадарно
опремен синџир на секачот од 16,5 мм. Ако неме
порамнување, заради каква било причина, или
кога користите друга големина на синџир на секач,
олабавете ги завртките и прилагодете ја жолтата
плоча на индикатор и плочата за индикација.
Проширување дупка
1. Трансверзално проширување
(во широчина)
► Сл.10: 1. Шестоаголни завртки 2. Плоча
за мерење на обемот 3. Поминато
растојание (D) 4. Лост (B)
Дупка може трансверзално да се прошири
со прилагодување на плочата за мерење.
Максималното проширување на дупка изнесува 15
мм во широчина.
ПРИМЕР Кога засекувате дупка со дијаметар од
25 мм со користење на синџир на секач од 16,5
мм, постапете на следниов начин:
Турнете го лостот (B) настрана од вас.
Олабавете ги шестоаголните завртки што ја
прицврстуваат плочата за мерење.
Прилагодете ја плочата за мерење така
што поминатото растојание (D) да е 8,5
мм; тоа доаѓа од 25 мм - 16,5 мм = 8,5 мм.
Стегнете ги шестоаголните завртки за да ја
прицврстите плочата за мерење.
Засечете ја првата дупка со лостот (B) турнат
настрана од вас. Потоа, повлечете го лостот
(B) кон вас и повторно засечете за да ја
проширите дупката.
НАПОМЕНА:
Плочата за мерење е фабрички прилагодена
за сечење дупка широка 30 мм.
28 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents