Makita GA4590 Instruction Manual page 81

Hide thumbs Also See for GA4590:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Електронска функција
Технологија за препознавање
активен фидбек
ВНИМАНИЕ:
Држете го цврсто алатот
додека да запре ротацијата.
Алатот електронски открива ситуации каде тркалото
или опремата се изложени на ризик да бидат
ограничени. Во таква ситуација, алатот автоматски се
исклучува од напојување за да спречи додатна ротација
на вретеното (тоа не спречува повратен удар).
Во тој момент, индикаторската ламбичка трепка
црвено и покажува дека технологијата за
препознавање активен фидбек е активна.
За да го рестартирате алатот, прво исклучете го,
отстранете ја причината за ненадејниот пад на
брзината на ротација, а потоа вклучете го.
Функција за спречување случајно
рестартирање
При приклучување во алатот со прекинувач во
положба ON, алатот не се стартува.
Во тој момент, индикаторската ламбичка трепка во
црвена боја и покажува дека е активна функцијата
за спречување случајно рестартирање.
За да го стартувате алатот, исклучете го
прекинувачот и повторно вклучете го.
Контрола на постојана брзина
Може да се изврши фина обработка, бидејќи брзината на
вртење се одржува константна дури и при преоптовареност.
Одлика за меко стартување
Одликата за меко стартување ја намалува почетната реакција.
Механичка сопирачка
Само за моделот GA4591 / GA5091
Механичката сопирачка се активира по исклучување
на алатот.
Сопирачката нема да работи кога ќе се откачи
напојувањето додека прекинувачот е вклучен.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Местење на страничниот држач (рачка)
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали
страничниот држач е наместен цврсто пред да
работите.
Завртете го страничниот држач цврсто во положбата
на алатот како што е прикажано на сликата.
► Сл.6
Монтирање или отстранување на
штитникот за тркало
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
тркало со вдлабнато средиште, повеќеделен
диск, флекси-тркало или тркало со жичена
четка, штитникот за тркалото треба да се
монтира на алатот, така што затворената
страна на штитникот да биде свртена кон
операторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
штитникот за тркало е безбедно заклучен со
лостот за блокирање со еден од отворите на
штитникот за тркало.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
тркало за абразивно сечење/дијамантско
тркало, внимавајте да го користите само
специјалниот штитник конструиран за тркалата
за сечење.
За тркало со вдлабнато средиште,
повеќеделен диск, флекси-тркало,
кружна жичена четка/тркало за
абразивно сечење, дијамантско тркало
Додека го притискате лостот за блокирање,
1.
монтирајте го штитникот за тркалото со испакнатите
делови на штитникот за тркалото порамнет со
жлебовите на кутијата на лежиштето.
► Сл.7: 1. Лост за блокирање 2. Жлеб 3. Испакнат
дел
Додека го туркате лостот за блокирање кон А,
2.
држете ги деловите B од штитникот за тркалото како
што е прикажано на сликата.
► Сл.8: 1. Штитник за тркало 2. Отвор
НАПОМЕНА: Притискајте го штитникот за тркало
право. Во спротивно, не може да го обезбедите
штитникот за тркало.
Додека го туркате лостот за блокирање кон А,
3.
ротирајте го штитникот за тркалото кон C, а потоа
променете го аголот на штитникот за тркалото
според работата за да биде заштитен операторот.
Порамнете го лостот за блокирање со една од
дупките на штитникот за тркалото, па ослободете го
лостот за блокирање за да го заклучите штитникот
за тркалото.
► Сл.9: 1. Штитник за тркало 2. Отвор
За да го извадите штитникот за тркало, следете ја
постапката за местење по обратен редослед.
Додаток на прикачување за
штитникот за тркалото за сечење
Опционален прибор
НАПОМЕНА: За операции со отсекување, може да
се користи додаток на прикачување за штитникот
со штитникот за тркало (за брусно тркало).
Во некои земји не е достапно.
► Сл.10
81 МАКЕДОНСКИ
Кога користите
Осигурете се дека
Кога користите

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ga4591Ga4592Ga5090Ga5091Ga5092

Table of Contents