Makita AC001G Instruction Manual page 256

Cordless air compressor
Hide thumbs Also See for AC001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ризик од изгореници
Не работете со преносливиот компресор со
отворени врати или куќишта!
Не отворајте ја славината пред да се
прикачи цревото за воздух!
ШТО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ
Контактот со жешки делови како на пример глава на
компресорот или излезни цевки може да резултира
со сериозни изгореници на кожата.
КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ
Никогаш не допирајте жешки компоненти за
време или веднаш по работата на компресорот.
Не посегнувајте околу заштитните обвивки и
не обидувајте се да извршувате одржување
додека компресорот не се олади.
Секогаш држете ја рачката кога го поместувате
или транспортирате компресорот.
За време на користењето на компресорот и во
рок од еден час по употребата, не допирајте
ги загреаните делови како што се цилиндарот,
главата на цилиндарот и испусното црево.
Овие делови може да се вжештат и да
предизвикаат повреда од изгореници.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Транспортирање
Секогаш држете ја рачката при ракување,
подигнување, поместување или
транспортирање на компресорот. Не
обидувајте се да го влечете, ниту да го
носите компресорот за воздух држејќи
го за цревото. Тоа може да ги оштети
компресорот и/или цревото.
Секогаш носете го компресорот на правилен
начин. Транспортирањето и подигнувањето
на погрешен начин може да предизвика
оштетување на компресорот.
Максималната закосеност за време на
тракцијата е најмалку 30°.
Не применувајте возила за тракција.
Не ставајте го компресорот во запалива,
експлозивна или ерозивна зона.
За да се спречи ненамерно стартување;
не носете го компресорот на долго
растојание;
не носете го компресорот со неговиот
резервоар за воздух наполнет со
компримиран воздух; и;
не доведувајте се во потенцијално
опасни ситуации, како на пример во
возило, на скала или скеле.
Безбедност на електричните
делови и батеријата
1.
Избегнувајте опасно опкружување. Не
користете го алатот на влажни места и не
изложувајте го на дожд. Ако навлезе вода
во алатот, тоа може да го зголеми ризикот од
струен удар.
2.
Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред поврзување со батеријата, подигање
или носење на машината. Носењето на
машината со прстот на прекинувачот или
приклучувањето во извор на електрична
енергија со вклучен прекинувач се причина за
несреќи.
3.
Извадете ја батеријата од машината пред
вршење нагодувања, промена на додатоци
или складирање на машината. Овие
превентивни безбедносни мерки го намалуваат
ризикот од случајно стартување на машината.
4.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
5.
Користете ги машините само со конкретно
наведените батерии. Користењето други
батерии може да создаде ризик од повреда или
пожар.
Кога батеријата не се користи, држете ја
6.
настрана од други метални предмети, како
што се спојувалки, монети, клучеви, шајки,
завртки или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
7.
При случаи на погрешна употреба, од
батеријата може да истече течност;
избегнувајте контакт со неа. Ако дојде до
ненамерен контакт, измијте со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
8.
Не користете батерии или машина што се
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира
со оган, експлозија или опасност од
повреда.
9.
Не изложувајте ги батериите или машината
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура
над 130 °C (265 °F) може да предизвика
експлозија.
10. Следете ги сите упатства за полнење и
не полнете ги батериите или машината
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од пожар.
256 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents