Makita AC001G Instruction Manual page 254

Cordless air compressor
Hide thumbs Also See for AC001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Пред употреба, секогаш проверувајте дали
компресорот е безбеден за работа. Ако има
изместување или заглавување на подвижните делови,
кршење на дел или друг функционален дефект, дајте го
компресорот на сервис пред употреба. Многу несреќи
се предизвикани од лошо одржувани производи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ризик од пукање на резервоарот за воздух
ШТО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ
Следниве околности може да доведат до слабеење
на резервоарот и да РЕЗУЛТИРААТ СО СИЛНА
ЕКСПЛОЗИЈА ШТО ЌЕ РЕЗУЛТИРА СО СЕРИОЗНИ
ПОВРЕДИ КАЈ ВАС ИЛИ ДРУГИТЕ:
Неправилно испуштање на кондензираната
вода од резервоарот, што предизвикува 'рѓа и
стенчување на ѕидот на резервоарот.
Измени или обиди за поправки на резервоарот.
Недозволени измени на прекинувачот за
притисок, безбедносниот вентил или некои
други компоненти што го контролираат
притисокот во резервоарот.
КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ
Празнете го резервоарот за воздух секојдневно
или по секоја употреба. Ако резервоарот за воздух
почне да истекува, веднаш заменете го со нов
резервоар или заменете го целиот компресор.
Не дупчете, заварувајте ниту менувајте го
резервоарот за воздух на друг начин, инаку
ќе ослаби. Резервоарот може да пукне или да
експлодира. Заменете со нов резервоар за воздух.
Следете ја препораката од производителот
на опремата и никогаш не надминувајте го
максимално дозволениот степен на притисок
на додатоците. Никогаш не користете го
компресорот за надувување мали предмети со
низок притисок, како на пример детски играчки,
фудбалски топки, кошаркарски топки итн.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ризик од пукање на додатоците и приборот
ШТО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ
Надминувањето на степенот на притисок на
алатите за воздух, пиштолите за прскање,
додатоците што работат на воздух, гумите
И другите работи за надувување може да
предизвикаат тие да експлодираат или да се
разлетаат и може да резултира со сериозни
повреди кај вас и другите.
Секогаш следете ги сите безбедносни
правила што ги препорачува производителот
на алатот за воздух, како дополнение на
сите безбедносни правила за компресорот
за воздух. Следењето на ова правило ќе го
намали ризикот од сериозна телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ризик кога се надувуваат гуми
ШТО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ
Прекумерното надувување на гумите може да
резултира со сериозна повреда и материјална
штета.
КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ
Пред секоја употреба, проверете го притисокот
во гумите со манометар за гуми. Додека ги
надувувате гумите, потврдете го точниот
притисок на гумите напишан на страничниот
ѕид на гумата.
НАПОМЕНА: Опремата што се користи за
надувување гуми, како на пример резервоари и
компресори за воздух, може многу брзо да надува
мали гуми или слично. Нагодете го снабдувањето
со воздух, така што ќе се изедначи или ќе се
намали во однос на степенот на притисокот. За да
се спречи прекумерно надувување, доведувајте
воздух малку по малку и често проверувајте го
воздушниот притисок на гумата со манометар за
гуми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ризик од струен удар
ШТО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ
Компресорот за воздух се напојува со електрична
енергија. Како и секој друг уред што се напојува со
електрична енергија, ако не се користи правилно,
може да предизвика струен удар.
КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ
Сите електрични кола или поправки
потребни за овој производ треба да ги
изврши квалификуван персонал за сервис
или лиценциран електричар, во согласност
со националните и локалните електрични
прописи.
Никогаш не работете со компресорот надвор
кога врне, ниту во влажна средина.
Никогаш не работете со компресорот со
штитници или капаци што се оштетени или
извадени.
За да го намалите ризикот од струен удар,
не изложувајте го на дожд. Да се чува во
затворена просторија.
Не изложувајте го компресорот на дожд
или влажни услови. Ако навлезе вода во
компресорот, ќе се зголеми ризикот од струен
удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени
површини, како на пример, цевки, радијатори,
шпорети и фрижидери. Постои зголемен
ризик од електричен удар ако вашето тело е
заземјено.
254 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents