Makita DJV184RFJ Instruction Manual page 53

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Во случај кога е тешко да се
отстрани ножот на убодната пила:
Свртете го лостот за промена на начинот на
сечење во положба „III" и движете го држачот
на ножот на убодната пила до долниот дел
со притискање лостот на стегата за нож до
отпуштена положба. За движење на ножот на
убодната пила до долниот дел, вратете го лостот
на стегата за нож целосно до фиксирана позиција
еднаш и полека вклучувајте го алатот неколку
пати.
НАПОМЕНА: Повремено подмачкувајте го
валјакот.
Складирање на имбус-клучот
Кога не се користи, складирајте го имбус-клучот како
што е покажано на сликата за да не го изгубите.
► Сл.10: 1. Имбус-клуч
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш држете го работ
на основата израмнет со материјалот. Во
спротивно, може да се скрши ножот на ударната
пила и да дојде до сериозна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Многу полека напредувајте
со алатот кога сечете кривулести линии или
кога резбате. Ако го притискате алатот, може да
се накриви површината за сечење или да се скрши
ножот на ударната пила.
► Сл.11: 1. Линија на сечење 2. Основа
Вклучете го алатот без ножот на ударната пила да
допре и почекајте додека ножот да постигне целосна
брзина. Потоа потпрете ја основата директно на
материјалот и нежно движете го алатот нанапред по
претходно означената линија за сечење.
Косо сечење
ВНИМАНИЕ:
Пред секое навалување на
основата, секогаш проверувајте дали алатот е
исклучен и касетата со батеријата е извадена.
Кога основата е накосена, можете косите пресеци да
ги правите со агол од 0° до 45° (лево или десно).
► Сл.12
Разлабавете ја навртката на задниот дел на
основата со имбус-клучот. Поместете ја основата
за навртката да дојде во центарот на каналот на
основата во облик на крст.
► Сл.13: 1. Имбус-клуч 2. Завртка 3. Основа
Навалувајте ја основата додека не го постигнете
саканиот надолжен кос агол. Работ на куќиштето
на моторот го означува аголот на пресеците по
градација. Потоа, стегнете ја завртката за да ја
прицврстите основата.
► Сл.14: 1. Раб 2. Градација
Предни пресеци за израмнување
► Сл.15: 1. Имбус-клуч 2. Завртка 3. Основа
Разлабавете ја навртката на задниот дел на основата со
имбус-клучот и излизгајте ја основата целосно наназад.
Потоа, стегнете ја завртката за да ја прицврстите основата.
Исечоци
Исечоци се прават со еден од двата метода
„Дупчење почетна дупка" и „Сечење со забивање".
Дупчење на почетна дупка
► Сл.16
За внатрешни исечоци без воведен пресек од
некој агол, претходно издупчете почетна дупка со
дијаметар од 12 мм или повеќе. Ставете го ножот во
оваа дупка за да почнете да го правите засекот.
Сечење со забивање
► Сл.17
Нема потреба да издупчите почетна дупка или
воведен пресек ако внимателно го сторите следново.
1.
Потпрете го алатот на предниот раб на
основата, ножот на убодната пила да е поставен
токму над површината на материјалот.
2.
Потпрете го алатот за предниот раб на
основата да не мрда кога ќе го вклучите алатот, и
спуштете го задниот дел на алатот нежно и полека.
3.
Кога ножот на ударната пила ќе продре низ
материјалот, полека спуштете ја основата на алатот
на површината на материјалот.
4.
Пресекот завршете го на нормален начин.
Обликување на рабовите
► Сл.18
За обликување на рабовите или за прилагодување
на димензиите, пројдете со ножот на ударната пила
лесно по исечените рабови.
Сечење метал
Секогаш користете соодветен разладувач (масло за
сечење) кога сечете метал. Во спротивно, може да
дојде до значително абење на ножот на ударната
пила. Наместо да користите разладувач, долниот
дел на материјалот можете да го подмачкувате.
Собирање на правот
Монтирање или вадење на капакот
за прав
Опционален додаток
Извадете го капакот за прав како што е покажано на сликата.
► Сл.19: 1. Капак за прав
За да го отстраните капакот за прав, притиснете ја
едната страна од капакот и потоа отстранете го како
што е покажано на сликата.
► Сл.20: 1. Капак за прав
53 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Djv184Djv184z

Table of Contents