Makita HR007G Instruction Manual page 93

Cordless combination hammer
Hide thumbs Also See for HR007G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Мерач на длабочина
Мерачот на длабочина е погоден за дупчење отвори
со еднолична длабочина.
Притиснете го и задржете го копчето за блокирање,
а потоа вметнете го мерачот на длабочина во
шестаголната дупка. Уверете се дека назабената
страна на мерачот на длабочина е свртена кон
назабената ознака на шестаголната дупка.
► Сл.19: 1. Мерач на длабочина 2. Копче за
блокирање 3. Шестаголна дупка
4. Назабена страна 5. Назабена ознака
Нагодете го мерачот на длабочина со поместување
напред-назад додека го држите притиснато копчето
за блокирање. По нагодувањето, отпуштете го
копчето за блокирање за да го блокирате мерачот на
длабочина.
НАПОМЕНА: Осигурете се дека мерачот на
длабочина не го допира главното тело на алатот
кога се прикачува на него.
Систем за собирање прав
Опционален додаток
Монтирање
Лизнете го капачето на воздушниот канал
1.
надвор од куќиштето на моторот додека го подигате
јазичето за заклучување во неблокирана положба.
► Сл.20: 1. Капаче на воздушниот канал 2. Јазиче
за заклучување
Монтирајте го алатот на системот за собирање
2.
прав со лизгање на жлебовите на водилката на
долната површина од куќиштето на запченикот над
шините-водилки на горната површина од системот
за собирање прав додека не се блокира во место
при што ќе се слушне кликнување.
► Сл.21: 1. Жлебови на водилката 2. Шини-
водилки 3. Систем за собирање прав
Демонтажа
Демонтирајте го алатот од системот за
1.
собирање прав со лизгање на алатот подалеку
додека го притискате копчето за деблокирање на
системот за собирање прав.
► Сл.22: 1. Систем за собирање прав 2. Копче за
деблокирање
Повторно лизнете го копчето на воздушниот
2.
канал по должина на жлебовите на водилката на
куќиштето на запченикот додека е се блокира во
место при што ќе се слушне кликнување.
► Сл.23: 1. Капаче на воздушниот канал
2. Жлебови на водилката
ЗАБЕЛЕШКА:
Осигурете се дека сте го
поставиле капачето на воздушниот канал врз
воздушниот канал по откачување на системот
за собирање прав од алатот. Може да има
влијание на перформансите на алатот ако се
работи без капачето на воздушниот канал на
место.
Нагодување на положбата на
смукалката на системот за
собирање прав
Лизнете ја навнатре и нанадвор водилката на
смукалката додека го притискате копчето за
нагодување на насочувачот, а потоа отпуштете
го копчето на точната позиција на која врвот на
бургијата се наоѓа токму зад предната површина на
смукалката.
► Сл.24: 1. Насочувач 2. Копче за нагодување на
насочувачот 3. Врв на бургијата 4. Предна
површина на смукалката
НАПОМЕНА: Пред нагодување на положбата на
смукалката, притиснете го копчето за нагодување
на насочувачот за да се отпушти затегнатоста
насочувачот и ослободете го во целосно
издолжена положба.
Нагодување на длабочините на
дупчењето
Длабочината на дупчењето може да се нагоди
со менување на должините помеѓу копчето за
нагодување на длабочината и задниот крај на
насочувачот. Притиснете го и задржете го копчето
за нагодување на длабочината и лизнете го во
саканата позиција.
► Сл.25: 1. Копче за нагодување на длабочината
2. Насочувач 3. Длабочини на дупчењето
Складирање
ЗАБЕЛЕШКА:
определено време, главата на млазницата
треба да се продолжи приближно 100 мм
од нејзината целосно скратена положба.
Во спротивно, може да се оштети каналното
црево што претходно е монтирано во главата на
млазницата.
► Сл.26: 1. Копче за нагодување на насочувачот
2. Прибл. 100 мм
Чаша за прав
Опционален додаток
Користете ја чашата за прав за да не паѓа прав врз
алатот и врз вас кога дупчите на висина над главата.
Прицврстете ја чашата за прав за бургијата како што
е покажано на сликата. Чашата за прав може да се
прикачи на бургии со следниве големини.
Модел
Чаша за прав 5
Чаша за прав 9
► Сл.27: 1. Чаша за прав
93 МАКЕДОНСКИ
Кога нема да се користи
Дијаметар на бургија
6 мм - 14,5 мм
12 мм - 16 мм

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents