Makita KT001G Instruction Manual page 116

Hide thumbs Also See for KT001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ЗАБЕЛЕШКА: Кога ќе ги подигнете бокалот
или штандот за напојување при вриење, уредот
ќе престане со вриење, а прекинувачот за
напојување трепка портокалово.
Доколку ги вратите бокалот или штандот за
напојување додека трепка прекинувачот за напојување,
уредот автоматски ќе го рестартира вриењето.
Неколку секунди откако сте ги подигнале
бокалот или штандот за напојување, уредот се
исклучува.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога капацитетот на батеријата
ќе дојде на ниско ниво при вриење, уредот се
исклучува, а прекинувачот за напојување трепка
црвено неколку секунди со три звучни сигнали.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако го вклучите уредот кога
капацитетите на сите батерии се ниски, тој ќе се
исклучи по неколку секунди со еден звучен сигнал.
5.
Подигнете го бокалот додека ја држите рачката
за носење на штандот за напојување.
► Сл.10
6.
Истурете ја водата.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не се изгорите
додека ја истурате зовриената вода.
За да се спречи случајно празнење на водата, има
копче за блокирање на празнењето. Притиснете
го копчето за блокирање на празнењето за да ја
истурите водата.
► Сл.11
Носење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
со штандот за напојување додека загревате
вода или со зовриена вода во бокалот. Во
спротивно, тоа може да резултира со повреда со
изгореници кога доаѓа до несреќа од паѓање.
Кога го носите уредот, држете ја рачката за носење.
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
да се заменат во овластен сервисен центар.
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали уредот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Не допирајте го бокалот
непосредно по испуштањето на зовриената
вода. Почекајте додека бокалот не се излади
целосно. Во спротивно, може да настане повреда
со изгореници.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека бокалот
е празен пред да вршите проверка или
одржување. Во спротивно, може да дојде до
несреќи.
► Сл.12
Не носете го бокалот
Сите делови треба
116 МАКЕДОНСКИ
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете машина за миење
садови, машина за сушење садови или фен за коса.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете прашок за
полирање, белило, средство за чистење, метална
четка за триење, хемиска четка за триење итн.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не мијте ги бокалот и штандот
за напојување. Не наводенувајте го конекторот
за напојување.
► Сл.13
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, одржувањата или дотерувањата
треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички
центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.
Чистење
Надворешност на уредот
Откако уредот ќе се олади, исчистете ја неговата
надворешност со чисти крпи.
Доколку уредот е многу валкан, користете крпа натопена во
вода со сапуница. Потоа избришете ја водата со сува крпа.
► Сл.14
Внатрешност на бокалот
Извадете го капакот извлекувајќи го од бокалот како
што е прикажано на сликата.
► Сл.15
Добро исплакнете со вода, потоа исушете го
внатрешниот дел.
Филтер
Извадете го филтерот извлекувајќи го од капакот
како што е прикажано на сликата.
Измијте го филтерот, потоа исушете го.
► Сл.16: 1. Филтер
За да ги монтирате филтерот и капакот, следете ја
постапката за вадење по обратен редослед.
Отстранување бигор во
внатрешноста на бокалот
Со користење на уредот, ќе се наталожи бигор
во водата во внатрешноста на бокалот. Бигорот
во водата го прави вриењето неефикасно. Ако
бигорот во водата стане забележлив, исчистете ја
внатрешноста на бокалот со лимонска киселина.
1.
Отворете го капакот и отстранете го филтерот од капакот.
2.
Турете вода до линијата за максимум во бокалот.
3.
Додајте 40 г (1,4 oz) комерцијално достапна лимонска
киселина во водата и измешајте. Потоа затворете го капакот.
4.
Ставете го бокалот на штандот за напојување.
5.
Притиснете го прекинувачот за напојување.
6.
Оставете го бокалот околу 1 час откако ќе
заврши вриењето.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents