Makita UR012G Instruction Manual page 89

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for UR012G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
20. Држете го алатот само за изолираните
држачи бидејќи сечилото може да дојде
во допир со скриени жици. Сечилата кои
ќе допрат жица под напон можат да пренесат
струја на изложените метални делови на
алатот и може да предизвикаат струен удар кај
лицето кое ракува со алатот.
21. Не стартувајте го алатот кога алатот за
сечење е заплеткан со исечена трева.
22. Пред да го стартувате алатот, уверете се
дека алатот за сечење не ја допира земјата
или други препреки, како на пример дрво.
23. За време на работата, секогаш држете го
алатот со двете раце. Никогаш не држете го
алатот со една рака за време на неговата
употреба.
24. Не користете го алатот ако постои ризик од
громови.
25. Кога го користите алатот на каллива земја,
влажна стрмнина или лизгави места,
внимавајте како газите.
26. Избегнувајте работење во лоша средина
каде што се очекува зголемен замор.
27. Не користете го алатот при лошо време кога
видливоста е намалена. Во спротивно, може
да дојде до пад или неправилна работа поради
лошата видливост.
28. Не потопувајте го алатот во вирови.
29. Не оставајте го алатот незаштитен надвор
на дожд.
30. Кога ќе се залепат лисја или нечистотија
на устието на смукалката (прозорецот за
вентилација) поради дожд, отстранете ги.
31. Не користете го алатот на снег.
Алати за сечење
1.
Не користете алат за сечење што не е
препорачан од Makita.
2.
Употребете соодветен додаток за сечење за
работата што претстои.
Главите за сечење со најлон (главите за
тример со жица) и пластичните сечила се
соодветни за поткастрување трева.
Сечилата се соодветни за сечење плевел,
високи треви, грмушки, џбунови, честак,
густеж и сл.
Никогаш не користете поинакви сечила,
вклучувајќи и верижни составени од
повеќе делови и рамни сечила. Тоа може
да резултира со тешка повреда.
Користете само алати за сечење што се
3.
означени со брзина еднаква или поголема
од брзината означена на алатот.
4.
Секогаш држете ги рацете, лицето и
облеката подалеку од алатот за сечење
додека ротира. Во спротивно може да дојде до
телесна повреда.
Секогаш правилно користете го штитникот
5.
на додатокот за сечење што е наменет за
додатокот за сечење што се користи.
6.
Кога користите сечила, избегнувајте
повратни удари и секогаш бидете
подготвени за ненадеен повратен удар.
Погледнете го делот заПовратен удар.
7.
Кога не го користите, поставете го капакот
за сечилото врз сечилото. Отстранете го
капакот пред употребата.
Повратен удар (удар од сечило)
1.
Повратен удар (удар од сечило) е ненадејна
реакција на зафатеното или заглавеното
сечило. Штом настане, алатот отскокнува
странично или кон операторот со голема
сила и тоа може да предизвика тешка
повреда.
2.
Повратните удари особено настануваат кога
сечилото се применува со сегментот помеѓу
12 и 2 часот на тврди предмети, грмушки и
дрвја, со дијаметар од 3 цм или повеќе.
► Сл.2
3.
За да избегнете повратен удар:
1.
Применувајте го сегментот помеѓу 8 и
11 часот.
2.
Никогаш не применувајте го сегментот
помеѓу 12 и 2 часот.
3.
Никогаш не применувајте го сегментот
помеѓу 11 и 12 часот, и помеѓу 2 и 5
часот, освен ако операторот не е добро
обучен и искусен и тоа го прави на свој
сопствен ризик.
4.
Никогаш не користете сечила во
близина на тврди предмети, како што
се огради, ѕидови, стебла на дрвја и
камења.
5.
Никогаш не користете ги сечилата
вертикално за операции како рамнење
рабови или поткастрување живи
огради.
► Сл.3
Вибрации
1.
Лицата со слаба циркулација што се
изложени на прекумерни вибрации, може да
се здобијат со повреди на крвните садови
и на нервниот систем. Вибрациите можат да
го предизвикаат следново на прстите, рацете
или зглобовите: „Заспивање" (отрпнатост),
треперење, болка, чувство на прободување,
промена на бојата на кожата или на кожата. Ако
се појави кој било од наведените симптоми,
посетете лекар!
2.
За да го намалите ризикот од „болест на
бел прст", држете ги рацете топли за време
на работата и добро одржувајте ги алатот и
приборот.
Транспортирање
Пред транспортирање на алатот, исклучете
1.
го и извадете ја касетата за батеријата.
Поставете го капакот на сечилото.
2.
Кога го транспортирате алатот, носете го во
хоризонтална положба држејќи го за оската.
3.
Кога го транспортирате алатот во возило,
добро прицврстете го за да не се преврти.
Во спротивно, може да настане оштетување на
алатот и другиот багаж.
89 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ur012gz02

Table of Contents