Download Print this page

Makita RT0702C Instruction Manual page 60

Hide thumbs Also See for RT0702C:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Со еден клуч
Вметнете ја главата на фрезата докрај во конусот
на прицвстувачот и стегнете ја навртката на
прицврстувачот со клучот додека ја притискате
блокадата на оската.
► Сл.6: 1. Стегнување 2. Олабавување 3. Блокада
на оската 4. Навртка на прицврстувачот
За да ја извадите главата на фрезата, следете ја
постапката за монтирање по обратен редослед.
Менување на конусот на
прицврстувачот
ВНИМАНИЕ:
Користете ја соодветната
големина на конусот на прицврстувачот за
главата на фрезата што сте планирале да ја
користите.
ВНИМАНИЕ:
Не стегнувајте ја навртката
на прицврстувачот без да вметнете
глава на фреза, во спротивно, конусот на
прицврстувачот може да се скрши.
Олабавете ја навртката на прицврстувачот и
1.
извадете ја.
Заменете го монтираниот конус на
2.
прицврстувачот со саканиот конус на
прицврстувачот.
Повторно монтирајте ја навртката на
3.
прицврстувачот.
► Сл.7: 1. Конус на прицврстувачот 2. Навртка на
прицврстувачот
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Алатот секогаш држете
го цврсто со едната рака на куќиштето. Не
допирајте го металниот дел.
За основата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
алатот со основата, секогаш монтирајте ја
смукалката за прав на основата.
► Сл.8: 1. Смукалка за прав 2. Рачен шраф
3. Основа
Поставете ја основата врз материјалот што ќе
1.
го сечете, така што главата на фрезата нема да го
допира.
Вклучете го алатот и почекајте додека главата
2.
на фрезата не достигне целосна брзина.
Движете го алатот напред преку површината
3.
на материјалот, држејќи ја основата рамно и
напредувајќи полека додека не заврши сечењето.
► Сл.9
Кога се сечат рабови, површината на материјалот
треба да биде на левата страна од главата на
фрезата, во правец на принесување на материјалот.
Пред употреба на
60 МАКЕДОНСКИ
► Сл.10: 1. Работен материјал 2. Правец на
вртење на главата 3. Приказ на алатот
од горе 4. Правец на принесување на
материјалот
Кога го користите држачот на правец или насочувачот
на фрезата, задолжително нека бидат на десната
страна во правецот на принесување на материјалот.
Така ќе бидат израмнети со страната на материјалот.
► Сл.11: 1. Правец на принесување на
материјалот 2. Правец на вртење на
главата 3. Работен материјал 4. Држач
на правец
НАПОМЕНА: Ако го движите алатот премногу
брзо нанапред, засекот ќе биде со слаб
квалитет или може да се оштетат главата или
моторот на фрезата. Ако пополека го движите
алатот нанапред, може да се изгори и уништи
засекот. Правилната брзина на принесување на
материјалот ќе зависи од големината на главата,
видот на материјалот и длабочината на засекот.
Пред да почнете да сечете на самиот материјал,
се препорачува да направите мала проба на
отпадно парче дрво. Така ќе се види точно како
ќе изгледа засекот и ќе можете да ги проверите
димензиите.
ВНИМАНИЕ:
Бидејќи прекумерното сечење
може да предизвика преоптоварување на моторот
или тешкотии во контролирањето на алатот, кога
сечете жлебови, длабочината на засекот не треба
да биде поголема од 3 мм на поминување. Кога
сакате да сечете жлебови подлабоки од 3 мм,
направете неколку поминувања со прогресивно
подебели глави.
Основа (смола)
Опционален прибор
Може да ја користите основата (смола) како
опционален додаток како што е прикажано на
сликата.
► Сл.12: 1. Шраф за стегање
Поставете го алатот на основата (смола) и затегнете
го шрафот за стегање во саканиот издаден дел на
главата на фрезата.
За работните постапки, погледнете во работата за
основата.
Насочувач на шаблон
Опционален прибор
Насочувачот на шаблон има муф низ кој минува
главата на фрезата, дозволувајќи користење на
фрезата со шеми на шаблони.
► Сл.13
Олабавете ги завртките и извадете го
1.
штитникот на основата.
► Сл.14: 1. Штитник на основата 2. Завртки
Ставете го насочувачот на шаблон на основата
2.
и повторно ставете го штитникот на основата. Потоа
прицврстете го штитникот на основата стегнувајќи ги
завртките.

Advertisement

loading