Makita HR2652 Instruction Manual page 51

Combination hammer with self dust collection
Hide thumbs Also See for HR2652:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Ограничувач на вртежите
ЗАБЕЛЕШКА:
Штом ќе се активира
ограничувачот на вртежите, исклучете го
веднаш алатот. Така ќе се спречи прераното
абење на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Бургиите, како што е пила за
дупки, која има тенденција да се заглавува
или да се зафаќа лесно во дупката, не се
подобни за овој алат. Тоа е заради тоа што тие
предизвикуваат ограничувачот на вртежите да се
активира пречесто.
Ограничувачот на вртежите ќе се активира кога ќе
се постигне определено ниво на вртење. Моторот ќе
излезе од основата за излезниот материјал. Кога ова
ќе се случи, бургијата ќе престане да се движи.
Кука
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не закачувајте го
алатот на високо место или на потенцијално
нестабилна површина.
За HR2663
► Сл.12: 1. Кука
Куката е практична за привремено закачување на
алатот.
За да ја употребите куката, едноставно подигнете ја
додека не влезе во отворена положба. Кога куката
не се користи, секогаш спуштете ја додека не влезе
во затворена положба.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Странична дршка (помошна
дршка)
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете ја
страничната дршка за да обезбедите безбедна
работа.
ВНИМАНИЕ:
По монтирањето или
прилагодувањето на страничниот држач,
проверете дали тој е цврсто затегнат.
Монтирајте го страничниот држач за жлебовите
на држачот да се совпаднат со испупчувањата
на резервоарот на алатот. Завртете го држачот
во насока на стрелките на часовникот за да го
обезбедите. Држачот може да се прицврсти на
саканиот агол.
► Сл.13: 1. Страничен држач
Подмачкување
Премачкајте го крајот на оската на бургијата
претходно со мало количество на средство за
подмачкување (околу 0,5 - 1 гр.).
Подмачкувањето на главата на дупчалката
обезбедува беспрекорно работење и подолг период
на сервисирање.
Поставување или отстранување бургија
Исчистете го крајот на оската на бургијата
и нанесете средство за подмачкување пред
монтирањето на бургијата.
► Сл.14: 1. Крај на оска 2. Подмачкување
Вметнете ја бургијата во алатот. Вртете ја бургијата и
туркајте ја навнатре додека не се блокира.
По монтирањето на бургијата, секогаш проверувајте
дали е безбедно прицврстена со тоа што ќе се
обидете да ја извлечете.
► Сл.15: 1. Бургија
За да ја отстраните бургијата, повлечете го
штитникот за главата на дупчалката докрај и
извлечете ја бургијата.
► Сл.16: 1. Бургија 2. Штитник за клинот
Агол на длетото (при делкање,
делење или демолирање)
Длетото може да се прицврсти на саканиот агол. За
промена на аголот на длетото, свртете го копчето за
менување на режимот на активноста на симболот O.
Свртете го длетото на саканиот агол.
► Сл.17: 1. Копче за промена на работниот режим
Свртете го копчето за менување на режимот на
активноста на симболот
длетото е прицврстено во место со тоа што ќе го
свртите малку.
Мерач на длабочина
Мерачот на длабочина е погоден за дупчење отвори
со еднообразна длабочина. Отпуштете го страничниот
држач и вметнете го мерачот на длабочина во
дупката на страничниот држач. Нагодете го мерачот
на длабочина на саканата длабочина и добро
прицврстете го страничниот држач.
► Сл.18: 1. Отвор 2. Мерач на длабочина
НАПОМЕНА: Осигурете се дека мерачот на
длабочина не го допира главното тело на алатот
кога се прикачува на него.
Монтирање или отстранување на
системот за собирање прав
За отстранување на системот за собирање прав,
повлечете го алатот додека притискате на копчето
за деблокирање. За да го монтирате, вметнете го
алатот во системот за собирање прав до крај додека
не се блокира во место при што ќе се слушне мало
кликнување.
► Сл.19: 1. Копче за деблокирање
51 МАКЕДОНСКИ
. Потоа, проверете дали

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hr2653Hr2653t hr2663

Table of Contents