Makita DUR369A Instruction Manual page 86

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for DUR369A:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
16. Често проверувајте дали на додатокот за
сечење има пукнатини или оштетувања
при работата. Пред да извршите проверка,
извадете ја касетата за батерија и почекајте
додека додатокот за сечење целосно не
запре. Веднаш заменете го оштетениот
додаток за сечење, дури и ако има само
површински пукнатини.
17. Никогаш не сечете над висина на струкот.
18. Пред да започнете со сечење, почекајте
додека додатокот за сечење не постигне
постојана брзина по вклучувањето на алатот.
19. Кога користите алат за сечење, рамномерно
замавнувајте со алатот во полукругови од
десно налево, како што се користи коса.
20. Држете го алатот само за изолираните
држачи бидејќи сечилото може да дојде
во допир со скриени жици. Сечилата кои
ќе допрат жица под напон можат да пренесат
струја на изложените метални делови на
алатот и може да предизвикаат струен удар кај
лицето кое ракува со алатот.
21. Не стартувајте го алатот за сечење кога е
заплеткан со исечена трева.
22. Пред да го стартувате алатот за сечење,
осигурете се дека не ја допира земјата и
друг пречки, како на пример дрво.
23. За време на работата, секогаш држете го алатот
со двете раце. Никогаш не држете го алатот со
една рака за време на неговата употреба.
24. Не користете го алатот при лоши временски
услови или ако постои ризик од громови.
Алати за сечење
Не користете алат за сечење што не сме го
1.
препорачале.
Користете соодветен додаток за сечење за
2.
работата што претстои.
Главите за сечење со најлон (глави за
фреза со жица) и пластичните сечила се
соодветни за косење трева.
Сечилата се соодветни за сечење
плевел, високи треви, грмушки, џбунови,
израстоци под дрвја, групи грмушки и сл.
Никогаш не користете поинакви сечила
вклучувајќи верижни составени од повеќе
делови и рамни сечила. Тоа може да
резултира со тешка повреда.
3.
Користете само алат за сечење што е
означен со брзина еднаква или поголема од
брзината означена на алатот.
Секогаш држете ги рацете, лицето и облеката
4.
подалеку од алатот за сечење додека ротира. Во
спротивно може да дојде до телесна повреда.
5.
Секогаш правилно користете го штитникот
на додатокот за сечење што е наменет за
додатокот за сечење што се користи.
6.
Кога користите сечила, избегнувајте
повратни удари и секогаш бидете
подготвени за ненадеен повратен удар.
Погледнете во делот за Повратен удар.
7.
Кога не се користи, прикачете го капакот за
сечило на сечилото. Пред работа, извадете
го капакот.
Повратен удар (потисок на сечилото)
1.
Повратен удар (потисок на сечилото) е ненадејна
реакција на зафатеното или заглавеното сечило.
Штом настане, алатот отскокнува странично или
кон операторот со голема сила и тоа може да
предизвика тешка повреда.
2.
Повратните удари особено настануваат кога
сегментот на сечилото се применува помеѓу
12 и 2 часот на тврди предмети, грмушки и
дрвја со дијаметар од 3 цм или повеќе.
► Сл.2
3.
За да избегнете повратен удар:
1.
Применувајте го сегментот помеѓу 8 и
11 часот.
2.
Никогаш не применувајте го сегментот
помеѓу 12 и 2 часот.
3.
Никогаш не применувајте го сегментот помеѓу
11 и 12 часот, и помеѓу 2 и 5 часот, освен ако
операторот не е добро обучен и искусен и тоа
го прави на свој сопствен ризик.
4.
Никогаш не користете сечила во близина
на тврди предмети, како што се огради,
ѕидови, стебла на дрва и камења.
5.
Никогаш не користете ги сечилата
вертикално за операции како рамнење
рабови или поткастрување живи огради.
► Сл.3
Вибрации
1.
Лицата со слаба циркулација, што се
изложени на прекумерни вибрации, може да
се здобијат со повреди на крвните садови
и на нервниот систем. Вибрациите можат да
го предизвикаат следново на прстите, рацете
или зглобовите: „заспивање" (отрпнување),
треперење, болка, чувство на бодеж, менување
на кожата или нејзината боја. Ако се појави кој
било од наведените симптоми, посетете лекар!
2.
За да го намалите ризикот од „болест на бел прст",
држете ги рацете топли за време на работата и
добро одржувајте ги алатот и приборот.
Транспортирање
1.
Пред транспортирање на алатот, исклучете
го и извадете ја касетата за батеријата.
Поставете го капакот на сечилото.
2.
Кога го транспортирате алатот, носете го во
хоризонтална положба држејќи го за оската.
Кога го транспортирате алатот во возило, добро
3.
прицврстете го за да не се преврти. Во спротивно,
може да настане оштетување на алатот и другиот багаж.
Одржување
Секогаш сервисирајте го вашиот алат во
1.
еден од нашите овластени сервисни центри
и користете само оригинални резервни
делови. Неправилната поправка и лошото
одржување може да го скратат работниот век
на алатот и да го зголемат ризикот од незгоди.
2.
Пред да извршувате какви било работи за
одржување или поправка, или пред да го
чистите, секогаш исклучувајте го и вадете ја
касетата за батеријата.
86 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dur369lDur369azDur369lz

Table of Contents