Makita 4100KB Instruction Manual page 30

Dustless cutter
Hide thumbs Also See for 4100KB:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат. Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат" во предупредувањата
се мисли на вашиот електричен алат кој работи на
струја (со кабел) или на батерии (безжично).
Безбедносни предупредувања за
секачот
1.
Штитникот што е обезбеден со алатот
мора да биде цврсто поставен на алатот и
позициониран да обезбедува максимална
сигурност, така што е можно помал дел
од тркалото да е изложен кон операторот.
Позиционирајте се себе си и останатите
лица околу вас подалеку од рамнината на
тркалото што врти. Штитникот помага да
се заштити операторот од парчиња скршено
тркало и случаен контакт со тркалото.
2.
Користете само дијамантски тркала за
сечење за вашиот електричен алат. Само
затоа што некој додаток може да се монтира
на вашиот уред не значи дека ќе се осигури
безбедна работа.
3.
Номиналната брзина на додатокот мора
да биде барем еднаква со максималната
брзина означена на алатот. Додатоците што
се вртат побрзо од номиналната брзина може
да се скршат и да се распрскаат.
4.
Тркалата смеат да се користат само за
препорачаните намени. На пример: не
брусете со страната на тркалото за сечење.
Тркалата за абразивно сечење се наменети за
периферно брусење, странични сили нанесени
на таквите тркала може да ги распрскаат.
5.
Секогаш користете неоштетени фланши
за тркало што се со правилен пречник за
избраното тркало. Соодветните фланши
за тркало го држат тркалото и со тоа ја
намалуваат можноста тоа да се скрши.
6.
Надворешниот пречник и дебелината
на додатокот мора да се во рамките на
нормалниот капацитет на алатот. Додатоците
со неправилна големина не можат соодветно
да се заштитат или контролираат.
Прочитајте ги сите
30 МАКЕДОНСКИ
7.
Големината на отворот на тркалата и
фланшите мора правилно да одговара на
вретеното на алатот. Тркалата и фланшите со
отвори што не соодветствуваат на монтажната
опрема на алатот ќе бидат неурамнотежени, ќе
вибрираат прекумерно и може да предизвикаат
губење контрола.
8.
Не користете оштетени тркала. Пред секоја
употреба, проверете ги тркалата да не
се скршени или напукнати. Ако алатот
или тркалото ви падне, проверете дали
има оштетувања или ставете неоштетено
тркало. Откако ќе го проверите и ќе го
наместите тркалото, поставете се себеси
и околните лица подалеку од рамнината
на вртливото тркало и ракувајте со алатот
при максимална неоптоварена брзина
една минута. Оштетените тркала обично се
распаѓаат за време на овој пробен период.
Носете опрема за лична заштита. Зависно
9.
од примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска
за прашина, заштита за слухот, ракавици и
престилка што може да сопре мали отпадоци
од брусење или стругање. Заштитата за очи
треба да сопира разлетан отпад произведен
од работата. Маската за прашина или
респираторот треба да можат да ги филтрираат
честичките што ги произведува вашата работа.
Подолга изложеност на голема бучава може да
предизвика оштетување на слухот.
10. Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје.
Секој што влегува во работното подрачје
треба да носи заштитна опрема. Парчиња
од обработуваниот материјал или од скршено
тркало може да одлетаат и да предизвикаат
повреди надвор од непосредното работно
подрачје.
11.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи каде што
додатокот за сечење може да дојде во
допир со скриени жици или сопствениот
кабел. Додаток за сечење што ќе допре жица
под напон може да ја пренесе струјата до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
12. Поставете го кабелот подалеку од
вртливиот додаток. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или повлече и
раката или дланката може да ви се повлечат во
вртливото тркало.
13. Не одложувајте го алатот додека додатокот
не сопре целосно. Вртливото тркало може
да ја зафати површината и да го повлече
електричниот алат надвор од ваша контрола.
14. Алатот не смее да е вклучен додека го
пренесувате. Случаен допир со вртливиот
додаток може да ви ја зафати облеката и да ве
повреди.
15. Редовно чистете ги отворите за
проветрување на алатот. Вентилаторот на
моторот привлекува прашина во куќиштето, а
прекумерното насобирање метал во прав може
да предизвика опасност од струен удар.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents