Наменета Употреба - Makita UR101C Instruction Manual

Battery powered grass trimmer
Hide thumbs Also See for UR101C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Наменета употреба
1.
Овој алат е наменет само за сечење трева,
плевел, грмушки и честак. Не треба да се
користи за никакви други намени, како на
пример оборување рабови или стрижење
ограда бидејќи може да дојде до повреда.
Општи упатства
1.
Никогаш не дозволувајте луѓе кои не
се запознаени со овие упатства, луѓе
(вклучувајќи деца) со намалени физички,
сетилни или ментални способности, или
недостаток на искуство и знаење, да го
користат овој алат. Децата треба да се
надгледуваат за да не си играат со алатот.
2.
Пред да го стартувате алатот, прочитајте
го ова упатство за употреба за да се
запознаете со ракувањето со алатот.
Не позајмувајте го алатот на лице кое нема
3.
доволно искуство или познавања во врска
со ракувањето со косилките и жичните
тримери.
4.
Кога го позајмувате алатот, секогаш
приложувајте го ова упатство за употреба.
Користете го алатот со голема грижа и
5.
внимание.
Никогаш не користете го овој алат по
6.
консумирање алкохол или наркотични
средства, или ако се чувствувате изморени
или болни.
7.
Никогаш не обидувајте се да го
модификувате алатот.
Следете ги прописите што се однесуваат на
8.
ракување со косилки и жични тримери во
вашата држава.
Лична заштитна опрема
► Сл.1
1.
Носете заштитен шлем, заштитни очила и
заштитни ракавици за да се заштитите од
разлетан отпад или предмети што паѓаат.
2.
Носете заштита за уши, како на пример
тампони за уши, за да спречите загуба на
слухот.
3.
Носете соодветни облека и чевли за сигурна
работа, како на пример работен комбинезон
и цврсти чевли што не се лизгаат. Не носете
лабава облека или накит. Лабавата облека,
накитот или долгата коса можат да бидат
зафатени од подвижните делови.
4.
Кога го допирате сечилото, носете заштитни
ракавици. Сечилата може да нанесат сериозни
исеченици врз голите раце.
Безбедност на работната област
1.
Работете со алатот само во услови на добра
видливост и дневна светлина. Не работете
со алатот во темница или магла.
Не работете со алатот во средини каде што
2.
постои опасност од експлозија, како на
пример во присуство на запаливи течности,
гасови или прашина. Алатот создава искри
што можат да ја запалат прашината или чадот.
3.
При работењето, никогаш не стојте на
нестабилна или лизгава површина или на
стрмнина. При ладно време, пазете се од мраз
и снег и секогаш стојте на безбедна површина.
4.
При работењето, држете ги луѓето и животните
што се наоѓаат во близина на растојание од
најмалку 15 м од алатот. Исклучете го алатот
веднаш штом некој се приближи.
5.
Никогаш не работете со алатот кога има
луѓе, особено деца или домашни животни
во близина.
6.
Пред работењето, испитајте дали во
работната област има камења или други
тврди предмети. Тие може да бидат
расфрлени или да предизвикаат опасен
повратен удар и да резултираат со тешка
повреда и/или оштетување на имотот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користењето на овој
7.
производ може да создаде прав што содржи
хемикалии кои можат да предизвикаат
респираторни или други болести.
Некои примери за овие хемикалии се
соединенијата што се наоѓаат во пестициди,
инсектициди, ѓубрива и хербициди. Ризикот
од изложувањето зависи од тоа колку често
работите работи од ваков тип. За да го
намалите изложувањето на овие хемикалии:
работете во добро проветрени области и
со одобрена сигурносна опрема, како маски
за прав што се специјално направени за да
филтрираат микроскопски честички.
Безбедност на електричните
делови и батеријата
1.
Не изложувајте го алатот на дожд или
влажни услови. Ако навлезе вода во алатот,
тоа може да го зголеми ризикот од струен удар.
2.
Не користете го алатот ако прекинувачот не
може да се вклучи и исклучи. Секој алат што
не може да се контролира со прекинувачот е
опасен и мора да се поправи.
Спречете ненамерно стартување. Уверете
3.
се дека прекинувачот е во исклучена
положба пред подигање или носење на
алатот. Носењето на алатот со прстот на
прекинувачот или со вклучен прекинувач е
причина за несреќи.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
4.
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален отпад.
5.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
батериите. Електролитот што се ослободува е
корозивен и може да предизвика оштетување
на очите или кожата. Може да е токсичен ако се
голтне.
90 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ur201cUr101cz

Table of Contents