Makita LS004G Instruction Manual page 149

Cordless slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for LS004G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Користете горни граничници за поддршка на
материјал кој е повисок од долните граничници.
Вметнете го горниот граничник во дупката на долниот
граничник и прицврстете ја стезната завртка.
► Сл.49: 1. Горен граничник 2. Долен граничник
3. Стезна завртка 4. Завртка за
нагодување
ЗАБЕЛЕШКА:
Долните граничници се
фиксирани фабрички на основата. Не
отстранувајте ги долните граничници.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако горниот граничник е сè
уште лабав по затегнувањето на шрафот за
стегање, свртете го шрафот за нагодување за
да го затворите јазот. Шрафот за нагодување
е фабрички нагоден. Не мора да го користите
доколку не е потребно.
Кога не го користите горниот граничник, може да
го складирате на држачот. Користете ја спојката на
горниот граничник за да ги чувате на држачот.
► Сл.50: 1. Држач 2. Горен граничник 3. Стега
Вертикално менгеме
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
материјал мора да биде добро прицврстен
до вртливата основа и насочните граничници
со менгемето за време на целата работа. Ако
работниот материјал не е правилно прицврстен
до граничниците, материјалот може да се движи
за време на сечењето и да предизвика можно
оштетување на сечилото на циркуларната пила,
предизвикувајќи материјалот да биде отфрлен и
да дојде до загуба на контролата предизвикувајќи
тешка телесна повреда.
Вертикалното менгеме може да се инсталира или на
левата или на десната страна на основата. Вметнете
ја шипката на менгемето во дупката во основата.
► Сл.51: 1. Вертикално менгеме 2. Отвор за
вертикално менгеме 3. Основа
► Сл.52: 1. Рачка на менгеме 2. Шипка на менгеме
3. Стезна завртка 4. Копче на менгеме
Позиционирајте ја раката на менгемето во
согласност со дебелината и обликот на работниот
материјал и прицврстете ја раката на менгемето
вртејќи го шрафот. Доколку шрафот за стегање дојде
во допир со носачот, монтирајте го вертикалното
менгеме на спротивната страна на базата.
Погрижете се ниту еден дел од алатот да не биде
во допир со менгемето кога целосно ќе ја спуштите
рачката. Ако некој дел дојде во допир со менгемето,
одново позиционирајте го менгемето.
Притиснете го работниот материјал до насочните
граничници и вртливата основа. Позиционирајте
го работниот материјал на саканата положба за
сечење и прицврстете го со стегнување на тркалото
на менгемето.
НАПОМЕНА: За брзо поставување на работиот
материјал, вртењето на копчето на менгемето на
90° налево овозможува копчето за менгеме да
се движи нагоре и надолу. За да го прицврстите
работниот материјал по поставувањето, вртете го
копчето на менгемето надесно.
Работниот
149 МАКЕДОНСКИ
Хоризонтално менгеме
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ја навртката на менгемето надесно додека
работниот материјал не се прицврсти добро.
Ако работниот материјал не е добро прицврстен,
материјалот може да се придвижи за време на
сечењето и да предизвика можно оштетување
на сечилото на циркуларната пила, што ќе
предизвика материјалот да биде отфрлен и загуба
на контрола што може да резултира со тешка
телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
работен материјал, како на пример, основни
греди, со граничникот, секогаш користете го
хоризонталното менгеме.
ВНИМАНИЕ:
Кога сечете работен
материјал со дебелина од 20 мм или помала,
осигурете се дека користите парче-сепаратор
за обезбедување на работниот материјал.
Хоризонталното менгеме може да се инсталира или
на левата или на десната страна на основата. Кога
изведувате напречно косо сечење под агол од 22,5°
или поголем, монтирајте го хоризонталното менгеме
од страната што е спротивна на насоката во која
треба да се сврти вртливата основа.
► Сл.53: 1. Плоча на менгеме 2. Навртка на
менгеме 3. Копче на менгеме
Со превртување на навртката на менгемето налево,
менгемето се ослободува и нагло почнува да се
движи навнатре и нанадвор. За да го прицврстите
работниот материјал, туркајте го копчето на
менгемето нанапред додека плочата на менгемето
не дојде во допир со работниот материјал, а потоа,
превртете ја навртката на менгемето надесно.
Потоа, стегнете го копчето на менгемето надесно за
да го прицврстите работниот материјал.
НАПОМЕНА: Максималната широчина на
работен материјал што може да се прицврсти со
хоризонталното менгеме е 228 мм.
Држачи
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
поддржувајте го долгиот работен материјал
за да биде во рамна положба со горната
површина на вртливата основа за да се изведе
прецизно сечење и да се спречи опасноста од
загуба на контролата. Правилната поддршка на
работниот материјал ќе помогне да се избегне
заглавување на ножот и можен повратен удар што
може да резултира со тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
со сечење, секогаш проверувајте дали
држачите се затегнати со шрафовите.
Секогаш вртете
Кога сечете слаб
Секогаш
Пред да започнете

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents