Download Print this page

Makita LS003G Instruction Manual page 149

Cordless slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for LS003G:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Блокирање на рачката
ВНИМАНИЕ:
Секогаш држете ја рачката
кога го ослободувате осигурувачот за
стопирање. Во спротивно, рачката ќе се активира,
а тоа може да резултира со телесна повреда.
Рачката може да се заклучи или во спуштена
или подигната положба со осигурувачот за
стопирање. Спуштете ја или подигнете ја рачката,
а потоа повлечете го и ротирајте го осигурувачот
за стопирање во блокирана положба. За да ја
отклучите рачката, повлечете го осигурувачот за
стопирање и ротирајте го за 90° во неблокирана
положба додека пополека ја спуштате рачката.
► Сл.12: 1. Блокирана положба 2. Неблокирана
положба 3. Осигурувач за стопирање
Заклучување на лизгачот
Повлечете го осигурувачот за стопирање и свртете
го за 90° во неблокирана положба за да се овозможи
слободно движење на носачот. За блокирање на
лизгачкото движење на носачот, притиснете го
носачот кон раката додека не застане, а потоа
вратете го осигурувачот за стопирање во блокирана
положба.
► Сл.13: 1. Блокирана положба 2. Неблокирана
положба 3. Осигурувач за стопирање
4. Рака
Заштитник на сечилото
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ги оневозможувате или вадите штитникот за
сечило или пружината прикачена на штитникот.
Изложеното сечило како резултат на оневозможен
штитник може да резултира со тешка телесна
повреда за време на работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако штитникот за сечило
и пружината се оштетени, неисправни или
отстранети. Ако работите со алатот со оштетен,
неисправен или отстранет штитник, може да дојде
до тешка телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш одржувајте го
штитникот за сечилото во добра состојба
за безбедно работење. Веднаш запрете
со работење доколку има каква било
неправилност на штитникот за сечилото.
Проверете за да се уверите дали функционира
пружината за повратно дејство на штитникот.
Кога ја спуштате рачката, штитникот за сечило
автоматски се подигнува. Штитникот е затегнат за
да се враќа во почетната положба кога ќе заврши
сечењето и рачката ќе се подигне.
► Сл.14: 1. Заштитник на сечилото
Никогаш немојте да
Никогаш не
149 МАКЕДОНСКИ
Чистење
Ако проѕирниот штитник за сечило се извалка или
на него се залепи прав на таков начин што сечилото
и/или работниот материјал не е веќе видлив,
отстранете ја касетата за батеријата и внимателно
исчистете го штитникот со влажна крпа. Не
користете растворувачи или какви било средства за
чистење на база на бензин врз пластичниот штитник
бидејќи тоа може да предизвика оштетување на
штитникот.
Следете ги упатствата чекор по чекор наведени на
начинот на подготовка за чистење.
1.
Осигурете се дека алатката е исклучена и дека
касетата за батерија е извадена.
2.
Вртете ја шестоаголната завртка налево,
користејќи го испорачаниот имбус-клуч при што ќе го
држите средишниот капак.
3.
Подигнете ги штитникот на сечилото и
средишниот капак.
4.
Кога чистењето е завршено, вратете го
средишниот капак и зацврстете ја шестоаголната
завртка и извршете ги горенаведените чекори по
обратен редослед.
5.
Погрижете се да ги вратите сечилото на
циркуларната пила и средишниот капак во нивната
првобитна положба и зацврстете ја шестоаголната
завртка.
► Сл.15: 1. Имбус-клуч 2. Шестоаголна завртка
3. Средишен капак 4. Штитник за
сечилото
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
пружината што го држи штитникот на сечилото.
Ако штитникот се оштети со текот на времето или
поради изложување на ултравиолетова светлина,
обратете се во сервисен центар на Makita за
замена. НЕМОЈТЕ ДА ГО БЛОКИРАТЕ ИЛИ
ВАДИТЕ ШТИТНИКОТ.
Позиционирање на основата со
засеци
Овој алат доаѓа со вградени табли со засеци во
вртливата основа за сведување на минимум на
абењето на излезната страна од засекот. Таблите
со засеци се фабрички нагодени, така што сечилото
на циркуларната пила не е во допир со таблите со
засеци. Пред употребата, нагодете ги таблите со
засеци на следниот начин:
1.
Погрижете се да ја извадите касетата за
батерија. Потоа, олабавете ги сите завртки (по 3 од
левата и од десната страна) што ги прицврстуваат
таблите со засеци.
► Сл.16: 1. Табла со засеци 2. Завртка
НАПОМЕНА: Крајните задни завртки може
лесно да се олабават и зацврстат со вртење на
вртливата основа под агол. Погрижете се целосно
да ја подигнете рачката кога ја вртите вртливата
основа.
Не отстранувајте ја

Advertisement

loading