Makita GA7020R Instruction Manual page 50

Hide thumbs Also See for GA7020R:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За алати со штитник за тркалото со
рачка за стегање
► Сл.8: 1. Штитник за тркалото 2. Кутија на
лежиштето 3. Навртка 4. Рачка
► Сл.9: 1. Навртка 2. Рачка
Олабавете ја рачката на заштитникот на тркалото.
Монтирајте го заштитникот за тркалото со
испакнатината на лентата на штитникот порамнета
со жлебот на кутијата на лежиштето. Потоа завртете
го заштитникот во положбата прикажана на сликата.
Зацврстете ја рачката за да се затегне заштитникот.
Ако рачката е престегната или прелабава за да
го држи заштитникот, олабавете ја или затегнете
ја навртката за прилагодување на затегањето на
лентата на заштитникот.
За да го извадите штитникот, следете ја постапката
за местење по обратен редослед.
Ставање или вадење на тркало за
брусење со вдлабнато средиште/
Мулти-диск (прибор)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш користете го испорачаниот
заштитник кога на алатот е монтирано тркало
за брусење со вдлабнато средиште/Мулти-
диск. Тркалото може да се распрсне за време
на употребата и заштитникот помага во
намалување на шансите за телесна повреда.
► Сл.10: 1. Навртка за стегање 2. Тркало со
вдлабнато средиште 3. Супер-фланша
4. Внатрешна фланша
Монтирајте ја внатрешната фланша на вретеното.
Наместете го тркалото/дискот на внатрешната
фланша и завртете ја завртката на вретеното.
Супер-фланша
Моделите со буквата F се стандардно опремени со
супер-фланша. Потребна е само една третина од
силата за одвртување на навртката за блокирање,
споредено со конвенционалниот тип.
За Австралија и Нов Зеланд
► Сл.11: 1. Навртка за стегање 2. Тркало со
вдлабнато средиште 3. Внатрешна
фланша
Монтирајте ја внатрешната фланша на вретеното.
Поставете го тркалото/дискот на внатрешната
фланша и завртете ја навртката за блокирање со
испакнатиот дел свртен надолу (кон тркалото).
► Сл.12: 1. Клуч за стегање 2. Забравник на
вретеното
За да ја затегнете завртката, притиснете го
забравникот на вретеното цврсто, така што
вретеното може да се врти, па со клучот за стегање
затегнете ја надесно.
За да го извадите тркалото, следете ја постапката за
местење по обратен редослед.
Поставување или вадење
абразивен диск (опционален
додаток)
НАПОМЕНА:
Користете додатоци за стругање назначени
во ова упатство. Тие треба да се купат
посебно.
► Сл.13: 1. Навртка за стегање 2. Абразивен диск
3. Гумена подлошка
Монтирајте ја гумената подлошка на вретеното.
Наместете го дискот на гумената подлошка и
завртете ја навртката на вретеното. За да ја
затегнете навртката, притиснете го блокаторот на
вретеното цврсто, така што вретеното може да се
врти, па со клучот за стегање затегнете ја во насока
на стрелките на часовнико.
За да го извадите дискот, следете ја постапката за
местење по обратен редослед.
РАБОТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не би требало да се применува сила врз
алатот. Тежината на алатот нанесува
доволно притисок. Додавањето сила и
прекумерен притисок може да предизвикаат
опасно кршење на тркалото.
СЕКОГАШ заменувајте го тркалото ако
алатот ви падне при брусење.
НИКОГАШ не удирајте ја плочата или
тркалото за брусење на материјалот.
Избегнувајте отскокнување и заглавување
на тркалото, особено кога работите на агли,
остри рабови и сл. Така може да изгубите
контрола и да дојде до повратен удар.
НЕ КОРИСТЕТЕ ГО алатот со сечила за
длаборез и други пили за дрво. Таквите
сечила, кога се користат со брусилка, често
удираат и предизвикуваат губење контрола,
што може да доведе до телесни повреди.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не вклучувајте го алатот кога е
во контакт со работниот материјал, во
спротивно може да дојде до повреда на
операторот.
Секогаш носете заштитни очила или маска за
заштита на лицето при работата.
По работата, секогаш исклучувајте го алатот
и почекајте додека тркалото не сопре сосема
пред да го одложите алатот.
50 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ga7030rGa7040rGa9020rGa9030rGa9040r

Table of Contents