Makita GA7020R Instruction Manual page 48

Hide thumbs Also See for GA7020R:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
б) Ако се препорачува користење штитник
за четкање со жица, не дозволувајте
допир на жиченото тркало или четката со
штитникот. Жиченото тркало или четката може
да го зголемат пречникот поради работното
оптоварување и центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
17. Кога користите брусни плочи со вдлабнато
средиште, користете само тркала зајакнати
со фиберглас.
18. НЕ КОРИСТЕТЕ испакнати тркала со оваа
брусилка. Брусилката не е конструирана за
такви видови тркала и користењето такви
производи може да доведе то тешки повреди.
19. Внимавајте да не ги оштетите вретеното,
фланшата (особено површината за
монтирање) или навртката за стегање.
Оштетувањето на тие делови може да
доведе до кршење на тркалото.
20. Внимавајте тркалото да не го допира
материјалот пред да се вклучи
прекинувачот.
21. Пред да го користите алатот врз
материјалот, оставете го да поработи малку
напразно. Видете дали има вибрации или
осцилации што може да укажуваат на лошо
монтирање или неизбалансирано тркало.
22. Користете ја специфицираната површина на
тркалото за брусењето.
23. Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
24. Не допирајте го материјалот веднаш по
работата, може да е многу жежок и да ви ја
изгори кожата.
25. Почитувајте ги упатствата на
производителот за правилно монтирање и
користење на тркалата. Бидете внимателни
кога ракувате со тркалата и кога ги
одложувате.
26. Не користете посебни редукторски лежишта
или адаптери за да ставате абразивни
тркала со голем отвор.
27. Користете само фланши наменети за алатот.
28. За алатите на кои се ставаат тркала со
отвор со навои, внимавајте навојот во
тркалото да е доволно долг да ја прими
должината на вретеното.
29. Проверете дали материјалот е добро
прицврстен.
30. Внимавајте тркалото да продолжи да се
врти и откако ќе се исклучи алатот.
31. Ако работното место е крајно жешко и
влажно или многу загадено со спроводлив
прав, користете прекинувач за краток спој
(30 mA) за безбедност на операторот.
32. Не користете го алатот ако материјалот
содржи азбест.
33. Кога користите тркало за сечење, секогаш
работете со штитникот за собирање прав
што го бараат домашните прописи.
34. Дискот за сечење не смее да се притиска
странично.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ
ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната
со подолга употреба) да ве наведе да не
се придржувате строго до безбедносните
правила за односниот производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето
на безбедносните правила наведени
во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка на
алатот проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Забравник на вретеното
ВНИМАНИЕ:
Не затегнувајте го забравникот кога
вретеното се движи. Алатот може да се
оштети.
► Сл.1: 1. Забравник на вретеното
Притиснете го забравникот за да спречите вртење
на вретеното кога ставате или вадите додатоци.
Позиции за монтирање на
дршките
(За моделите GA7030R, GA7040R,
GA9030R и GA9040R )
► Сл.2: 1. Куќиште на моторот 2. Копче за
заклучување 3. Рачка
Дршката може да се заврти за 90° или на лево или
на десно за да одговара на вашите работни потреби.
Прво, откачете го алатот од напојување. Притиснете
го копчето за блокирање и завртете ја дршката
целосно кон лево или кон десно. Дршката ќе биде
блокирана во таа положба.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш осигурувајте се дека дршката е
блокирана во саканата положба пред да
започнете со работа.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите кабелот во
мрежата, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
► Сл.3: 1. Рачка за блокирање 2. Прекинувач
48 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ga7030rGa7040rGa9020rGa9030rGa9040r

Table of Contents