Makita HS003G Instruction Manual page 84

Hide thumbs Also See for HS003G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот, обезбедено е копче за одблокирање.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за одблокирање и притиснете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.
► Сл.9: 1. Прекинувач за стартување 2. Копче за
одблокирање
ЗАБЕЛЕШКА:
Не повлекувајте го силно
прекинувачот без да го притиснете копчето за
заклучување. Тоа може да предизвика дефект на
прекинувачот.
ВНИМАНИЕ:
Алатот започнува да го
сопира вртењето на сечилото на циркуларната
пила веднаш штом ќе го отпуштите
прекинувачот за стартување. Држете го алатот
цврсто за да се одговори на реакцијата на
сопирачката при отпуштање на прекинувачот
за стартување. При ненадејната реакција алатот
може да ви падне од рацете и да предизвика
лична повреда.
Функција за автоматско менување
на брзината
Овој алат има „режим со голема брзина" и „режим со
голем вртежен момент".
Алатот автоматски го менува работниот режим во
зависност од работното оптоварување. Кога работното
оптоварување е ниско, алатот ќе работи во „режим
со голема брзина" за побрзо сечење. Кога работното
оптоварување е високо, алатот ќе работи во „режим со
голем вртежен момент" за моќно сечење.
► Сл.10: 1. Индикатор за режим
Индикаторот за режим светнува зелено кога алатот
е во режим на „голем вртежен момент".
Доколку алатот работи со прекумерно
оптоварување, индикаторот за режим ќе трепка
зелено. Индикаторот за режим ќе престане да
трепка, а потоа ќе светне или ќе се исклучи, доколку
го намалите оптоварувањето на алатот.
Статус на индикатор за режим
Вклучено
Исклучено
Нагодување на длабочината на
сечењето
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе ја нагодите
длабочината за сечење, секогаш затегнете ја
рачката.
Работен
режим
Трепка
Режим со
голема брзина
Режим на
голем вртежен
момент
Предупредување
за
преоптоварување
84 МАКЕДОНСКИ
Отпуштете го лостот на граничникот за длабочина
и поместете ја основата нагоре или надолу. На
саканата длабочина за сечење, прицврстете ја
основата со затегнување на лостот.
За почисти и побезбедни засеци, поставете ја
длабочината на сечење, така што нема да стрчи повеќе
од еден заб од сечилото под работниот материјал.
Користењето соодветна длабочина на сечење помага во
намалувањето на потенцијалот за опасни ПОВРАТНИ
УДАРИ коишто можат да предизвикаат телесна повреда.
► Сл.11: 1. Рачка
Косо сечење
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе го нагодите аголот
на закосеност, секогаш затегнете го лостот
цврсто.
Олабавете го лостот и поставете го саканиот агол со
соодветно навалување, а потоа затегнете го лостот цврсто.
► Сл.12: 1. Лост
Позитивен запирач
Позитивниот запирач е корисен вза брзо поставување на
саканиот агол. Свртете го позитивниот запирач, така што
стрелката на него ќе укажува на саканиот надолжен кос
агол (22,4°/45°/56°). Олабавете го лостот, а потоа навалете
ја основата на алатот додека не застане. Позицијата на
којашто застанува основата на алатот е аголот што сте го
поставиле со позитивниот запирач. Стегнете го лостот со
основата на алатот во оваа позиција.
► Сл.13: 1. Позитивен запирач
Нишанење
За рамни засеци, порамнете ја положбата од 0° на
предната страна од основата со вашата линија на
сечење. За коси засеци под агол од 45°, порамнете
ја со положбата од 45°.
► Сл.14: 1. Линија за сечење (положба од 0°)
2. Линија за сечење (положба од 45°)
Вклучување на ламбата
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
За да ја вклучите ламбата кога не работи алатот,
повлечете го прекинувачот за стартување без да го
притиснете копчето за одблокирање.
За да ја вклучите ламбата кога работи алатот,
притиснете го и задржете го копчето за одблокирање
и повлечете го прекинувачот за стартување.
Ламбата ќе се исклучи по 10 секунди од
отпуштањето на прекинувачот за стартување.
► Сл.15: 1. Ламба
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
НАПОМЕНА: Кога ќе се прегрее алатот, ламбата
ќе трепка една минута. Во ваков случај, изладете
го алатот пред да започнете со работа.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents