Makita DVC866L Instruction Manual page 49

Cordless vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for DVC866L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги правосмукалката
и касетата за батеријата цврсто кога ја
монтирате или вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите цврсто правосмукалката и
касетата за батеријата, може да се лизнат од
вашите раце и да дојде до нивно оштетување,
како и до телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не ги
потфатите прстите кога го отворате или
затворате капакот на батеријата. Во спротивно
може да дојде до телесна повреда.
За да ја монтирате касетата за батеријата, прво
ослободете ја бравата и потоа отворете го капакот на
батеријата. Потоа вметнете ја касетата за батеријата.
► Сл.2: 1. Брава 2. Капак на батеријата
Порамнете го јазичето на касетата за батеријата
со жлебот во куќиштето и лизнете ја во место.
Вметнете ја до крај додека не се блокира во место
при што ќе се слушне мало кликнување. Потоа
заклучете го капакот на батеријата.
► Сл.3: 1. Касета за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете ја од
алатот додека го лизгате копчето напред на касетата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батерија целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од правосмукалката,
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
НАПОМЕНА: Правосмукалката не работи само со
една касета за батерија.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.4: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
► Сл.5: 1. Индикатор за батерија 2. Копче за
проверка
► Сл.6
Притиснете го копчето за проверка за укажување
на преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторите за батерија соодветствуваат на секоја
од батериите.
Статус на индикатор за батерија
Вклучено
Исклучено
Систем за заштита на алатот/батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
49 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
Преостанат
капацитет на
батеријата
Трепка
од 50% до
100%
од 20% до
50%
од 0% до
20%
Наполнете ја
батеријата

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dvc156l

Table of Contents