Makita CL114FD Instruction Manual page 49

Cordless cleaner
Hide thumbs Also See for CL114FD:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чистење (смукање)
Додаток
Приклучете го додатокот за чистење маси, бироа,
мебел и сл. Додатокот лесно влегува на место.
► Сл.25: 1. Додаток
Додаток + издолжувач (права цевка)
Издолжувачот влегува помеѓу додатокот и самата правосмукалка.
Овој распоред е погоден за чистење во стоечка положба.
► Сл.26: 1. Тело на правосмукалката 2. Продолжна
цевка 3. Додаток
Додаток за агли
Поставете го додатокот за агли за чистење на аглите и
недостапните делови на седиштето за автомобилот или мебелот.
► Сл.27: 1. Додаток за агли 2. Тело на правосмукалката
Додаток за агли + продолжна цевка
(права цевка)
На тесни недостапни места, каде што
правосмукалката не може да се протне или на
високи недофатни места, користете го овој распоред.
► Сл.28: 1. Додаток за агли 2. Продолжна цевка
3. Тело на правосмукалката
Чистење без додаток
Може да собирате прашина и прав без додатокот.
► Сл.29
За собирање прав на подот или во стоечка положба,
погодно е да прикачите продолжна цевка на
правосмукалката.
► Сл.30: 1. Продолжна цевка
Фрлање на правот во отпад
ВНИМАНИЕ:
Испразнете ја правосмукалката
пред да се наполни прекумерно, во спротивно,
ќе се намали силата на смукање.
ВНИМАНИЕ:
Кога го затворате предниот
капак, внимавајте да не ги потфатите вашите прсти.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не фрлајте го
запирачот на прав бидејќи тој треба да се
користи секогаш кога се користат вреќата за
прав или хартиениот филтер.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога вреќата за прав/
хартиениот филтер не е во правосмукалката,
предниот капак не се затвора целосно. Не
форсирајте го затворањето на предниот капак.
Тоа може да резултира со деформирање или
кршење на правосмукалката.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го фрлате правот во
отпад, исчистете го просторот за вреќата за
прав/хартиениот филтер. Преостанатиот прав и
нечистотијата во просторот може да предизвикаат
сунѓерестиот филтер да се затне или моторот да
се оштети.
1.
Притиснете го копчето за да го отворите
предниот капак. Отворањето додека не се слушне
кликање овозможува позитивно сопирање во таа
положба.
► Сл.31: 1. Преден капак 2. Копче
2.
Извлечете ги истовремено портокалово
обоениот запирач на прав и вреќата за прав/
хартиениот филтер.
► Сл.32: 1. Запирач на прав
3.
Извршете ги постапките подолу зависно од
типот сад за прав:
Кога ја користите вреќата за прав
Извадете го запирачот на прав и испразнете ја
вреќата за прав.
► Сл.33: 1. Запирач на прав 2. Вреќа за прав
Кога го користите хартиениот филтер
Извадете го запирачот на прав и фрлете го
хартиениот филтер во отпад.
► Сл.34: 1. Запирач на прав 2. Хартиен филтер
4.
Ставете ги истовремено вреќата за прав/
хартиениот филтер и запирачот на прав во
правосмукалката и затворете го предниот капак.
НАПОМЕНА: Правосмукалката е конструиран
на таков начин што предниот капак се вади кога
се обидувате да го отворите на агол поголем од
90°. Ако предниот капак се извади, вметнете го во
спојката за предниот капак на своето место.
► Сл.35: 1. Преден капак 2. Спојка на предниот
капак
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
одржување, осигурете се дека уредот е
исклучен.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ЗАБЕЛЕШКА:
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
По употреба
При складирање или полнење на правосмукалката,
блокирајте ја главата на смукалката и закачете ја за
кука што може да се купи во продавница.
► Сл.36
ВНИМАНИЕ:
правосмукалката на ѕид без никаква поддршка,
таа може да падне и да се оштети.
► Сл.37
49 МАКЕДОНСКИ
Пред секоја проверка или
За чистење, не користете
Ако ја потпрете

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents