Прилагодување На Височината На Сечење; Безбедносни Мерки На Претпазливост; Стартување; Сечило - Makita ELM3800 Original Instructions Manual

Electric lawn mower
Hide thumbs Also See for ELM3800:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВАЖНО:
Ако положбата на отворот на индикаторот е многу
валкана, индикаторот нема да се надуе. Во овој
случај, веднаш исчистете ја положбата на отворот на
индикаторот.
6. ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА
ВИСОЧИНАТА НА СЕЧЕЊЕ
Повлечете нанадвор за да ја одглавите рачката од
комплетот. Поместете ја рачката нанапред или
наназад за да ја прилагодите височината.
Височината (од сечилото до земјата) може да се
прилагоди од 25 мм (положба 1) до 75 мм (положба 6),
6 положби на височина. Сите тркала ќе бидат на иста
височина на косење. (Сл. 4A/Сл. 4B)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ова прилагодување
правете го само кога сечилото е сопрено.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Откачете го
електричниот кабел од изворот на електрична
енергија.
7. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
a) Секогаш работете со одбивачот или собирачот на
трева поставен во точна позиција.
b) Секогаш запирајте го моторот пред да го вадите
собирачот на трева или да ја прилагодувате
височината на сечење.
1. Пред косењето, отстранете ги сите надворешни
предмети од тревникот што може да бидат
расфрлени од машината.
Додека косите, останете будни и внимавајте на
надворешните предмети што можеби сте ги
испуштиле. (Сл. 5A)
2. Никогаш не кревајте го задниот дел од косилката
додека го стартувате моторот или при нормална
работа. (Сл. 5B)
3. Никогаш не поставувајте ги вашите раце или нозе
под долната основа или во задниот канал за
исфрлање додека работи моторот. (Сл. 5C)
8. СТАРТУВАЊЕ
8-1 СТАРТУВАЊЕ
Пред да ја приклучите косилката во изворот на
електрична енергија, осигурете се напонот на изворот
да е 230-240 V~ 50 Hz.
Пред да ја стартувате косилката, фиксирајте го
продолжниот кабел на косилката како што е
прикажано на Сл. 6A.
Стартувајте го моторот на следниот начин. (Сл. 6B)
a) Притиснете го безбедносното копче за притискање
(1).
b) Во меѓувреме, повлечете ја рачката на
прекинувачот (2) и задржете ја.
Ако ја отпуштите рачката на прекинувачот, моторот ќе
запре.
ВНИМАНИЕ: Сечилото започнува да врти
штом се стартува моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Елементите за сечење
продолжуваат да вртат откако моторот ќе се исклучи.
8-2 ЗА НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ПРИ
КОСЕЊЕТО
Исчистете го тревникот од отпадоци. Внимавајте
тревникот да нема камења, стапчиња, жици или други
предмети што косилката може случајно да ги исфрли
во која било насока и да предизвика тешки повреди на
операторот и на другите, како и штета на имотот и
околните објекти. Не косете мокра трева. За ефикасно
косење, не косете мокра трева бидејќи таа се лепи за
долниот дел на главата и спречува правилно косење
на парчињата трева. Не косете повеќе од 1/3 од
должината на тревата. Препорачано сечење за
косење е 1/3 од должината на тревата. Брзината на
движење по тлото треба да се прилагоди за да може
искосеното да се распредели рамномерно по
тревникот. За особено тешко косење на густа трева,
може да биде потребно да се користи една од
пониските брзини за да се добие чисто добро косење.
Кога се коси висока трева, може ќе треба да го
искосите тревникот во две поминувања, спуштајќи го
сечилото уште 1/3 од должината при второто косење и
можеби косејќи по друга патека отколку првиот пат.
Преклопувајте ја патеката по малку при секое
поминување за да се исчистат преостанатите
парченца на тревникот. Со косилката треба да се
работи со полн гас за да се добие најдобро сечење и
за да може да искоси најефикасно. Исчистете ја
долната страна на главата. Внимавајте да ја чистите
долната страна на главата за косење по секоја
употреба за да спречите наталожување трева, што ќе
спречи правилно малчирање. Косење лисја. Косењето
лисја исто може да биде корисно за тревникот. Кога
косите лисја, внимавајте да се суви и да не се во
многу дебел слој на тревникот. Не чекајте сите лисја
да паднат од дрвјата пред да косите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако удрите во некој
предмет, сопрете го моторот. Извадете го приклучокот
од свеќичката, темелно проверете ја косилката да не
е оштетена и поправете ја штетата пред повторно да
ја стартувате и да работите со косилката. Прекумерни
вибрации на косилката за време на работата се
показател на оштетување. Уредот треба веднаш да се
испита и да се поправи.
9. СЕЧИЛО (Сл. 7)
Сечилото е направено од пресуван челик. Треба да се
остри често (со брусно тркало).
Осигурете се секогаш да е балансирано
(небалансираното сечило ќе предизвика опасни
вибрации). За да проверите дали е балансирано,
вметнете кружна шипка низ средишната дупка и
држете го сечилото во хоризонтална положба.
Балансираното сечило ќе остане хоризонтално. Ако
163

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents