Makita BO4900V Instruction Manual page 26

Finishing sander
Hide thumbs Also See for BO4900V:
Table of Contents

Advertisement

Монтирање или отстранување на
абразивната хартија
За конвенционален тип на
претходно продупчена абразивна
хартија (стандардна опрема):
Свртете го стезниот лост налево. Вметнете го крајот
на хартијата во стегата, порамнете ги дупчињата на
хартијата со оние на подлошката. Потоа, вратете
го стезниот лост во почетната позиција за да ја
прицврстите хартијата. Повторете го истиот процес
за другиот крај на алатот, задржувајќи ја правилната
тензија на хартијата.
► Сл.2: 1. Рачка на стегата 2. Конвенционална
абразивна хартија што е претходно
продупчена 3. Подлога за конвенционална
абразивна хартија
За конвенционален тип на
абразивна хартија што не е
претходно продупчена (додаток):
Завртете го лостот за стегање налево. Вметнете го
крајниот дел од хартијата во клемата, порамнувајќи
ги рабовите од хартијата рамни и паралелни со
страните на основата. Потоа вратете го лостот за
стегање на првичната позиција за да ја прицврстите
хартијата. Повторете го истиот процес за другиот
крај од алатот, одржувајќи оссдветна затегнатост на
хартијата.
Поставете ја плоча за перфорирање
(незадолжителен додаток) врз хартијата така што
насочувачот на плоча за перфорирање е израмнет
со страните на подлогата. Потоа притиснете ја
плоча за перфорирање за да направите дупки во
хартијата.
► Сл.3: 1. Плоча за перфорирање
2. Конвенционална абразивна хартија што
не е претходно продупчена
За абразивна хартија со
закачување што е претходно
продупчена (додаток):
Отстранете ја сета прав и туѓи материи од
подлогата. Прикачете ја хартијата на подлогата
порамнувајќи ги дупките во хартијата со оние во
подлогата.
► Сл.4: 1. Абразивна хартија со закачување што
е претходно продупчена 2. Подлога за
абразивна хартија со закачување
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не користете абразивна хартија што
е чувствителна на притисок.
Само за BO4901
► Сл.5: 1. Подлошка 2. Шрафови 3. Одвртка
НАПОМЕНА:
За користење на абразивна хартија со
закачување, прво заменете ја подлогата. За
конвенционална абразивна хартија, извадете
ја подлогата од алатот со шрафцигер.
За абразивна хартија со закачување,
монтирајте ја подлогата на алатот
(незадолжителен додаток). Цврсто затегнете
ги завртките за да ја прицврстите подлогата.
Монтирање хартиена вреќа за
прав (додаток)
Само за BO4900, BO4900V
Поставете ја хартиената вреќа за прав на држачот
за хартиена вреќа за прав, со предната страна
нагоре. Ставете го предниот картон за фиксирање
на хартиената вреќа за прав во жлебот на држачот
на хартиената вреќа за прав.
► Сл.6: 1. Жлеб 2. Картон за предно фиксирање
3. Хартиена вреќа за прав
Потоа притиснете го горниот дел на предниот картон
за фиксирање во правецот на стрелката за да ја
закачите на стегите.
► Сл.7: 1. Куки 2. Горен дел
Ставете го засекот на хартиената вреќа за прав во
насочувачот на држачот на хартиената вреќа за
прав. Потоа инсталирајте го комплетот држач на
хартиената вреќа за прав на алатот.
► Сл.8: 1. Водач 2. Жлеб
► Сл.9
Монтирање на вреќата за прав
(додаток)
Само за BO4900, BO4900V
Монтирајте ја вреќата за прав на алатот така што
стрелката со „UP" ознака на млазницата за прав
покажува нагоре.
► Сл.10
Празнење на вреќата за прашина
Откако ќе се наполни до половина вреќа за прав,
исклучете го алатот и извадете го кабелот од струја.
Држете го алатот и извадете ја вреќата за прав од
млазницата за прав додека го држите притиснато
копчето за туркање.
► Сл.11: 1. Копче за туркање
► Сл.12: 1. Распрскувач на прав 2. Кука 3. Вреќа за
прав 4. Копче за туркање
Откако ќе ја испразните вреќата за прав, вметнете
ја куката на млазницата за прав во правоаголниот
отвор на едната страна од рамката на вреќата
за прав додека не кликне на своето место со
притискање на копчето.
► Сл.13
26 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Bo4900Bo4901

Table of Contents