Makita DJR189 Instruction Manual page 38

Cordless recipro saw
Hide thumbs Also See for DJR189:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
турнете го копчето за блокирање од страната
А во позиција OFF (ИСКЛУЧЕНО) за да го
блокирате прекинувачот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не повлекувајте го силно
прекинувачот за стартување без да го
притиснете копчето за одблокирање од
страната B. Тоа може да предизвика дефект на
прекинувачот.
► Сл.3: 1. Копче за одблокирање 2. Прекинувач
За да спречите прекинувачот случајно да се
повлече, обезбедено е копче за блокирање.
За да го вклучите алатот, притиснете го копчето за
блокирање од страната B и повлечете го прекинувачот.
Брзината на алатот се зголемува со зголемување
на притисокот врз прекинувачот. Отпуштете го
прекинувачот за да сопрете. По употребата, секогаш
притискајте го копчето за блокирање од страната А.
Вклучување на предната ламба
► Сл.4: 1. Ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
Повлечете го прекинувачот за вклучување на
ламбата. Ламбата продолжува да свети додека
прекинувачот е повлечен. Ламбата ќе се исклучи
приближно 10 секунди по отпуштањето на
прекинувачот.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
НАПОМЕНА: Кога ќе се прегрее алатот, ламбата
ќе трепка една минута. Во ваков случај, изладете
го алатот пред да започнете со работа.
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка. Ако
алатот постојано не успева брзо да запре по
отпуштање на прекинувачот за стартување, алатот
треба да се однесе на сервис во сервисен центар
на Makita.
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Контрола на постојаната брзина
Функцијата за контрола на постојаната брзина
обезбедува константна брзина на ротација, без
оглед на преоптовареноста.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
сечилото од убодната пила
ВНИМАНИЕ:
делканици или туѓи тела кои се на сечилото
и/или стегата на ножот. Во спротивно, може да
дојде до недоволно затегнување на сечилото, а
тоа може да предизвика сериозна лична повреда.
За да го монтирате ножот на пилата, секогаш
проверувајте дали лостот на стегата на ножот (дел од
ракавот на стегата за ножот) е во отпуштена позиција
пред да го вметнете ножот на пилата. Ако лостот на
стегата за ножот е во фиксирана позиција, ротирајте
го лостот на стегата за ножот во правец на стрелката
за да може да се заклучи во отпуштена позиција.
► Сл.5: 1. Рачка на стега на сечило 2. Фиксирана
позиција 3. Опуштена позиција
Ставете го ножот за реципрочна пила во стегата за
ножот докрај. Ракавот на стегата за ножот се врти и
го фиксира ножот за реципрочната пила. Осигурете
се дека реципрочниот нож за пилата не може да се
извади дури и кога се обидувате да го извлечете.
► Сл.6: 1. Нож за реципрочна пила 2. Ракав на
стегата на ножот
ВНИМАНИЕ:
реципрочна пила доволно длабоко, ножот
за реципрочна пила може да се исфрли
неочекувано во текот на работењето. Ова може
да биде многу опасно.
За да го извадите ножот за пилата, ротирајте ја
рачката на стегата за нож во правец на стрелката,
докрај. Ножот на пилата е изваден, а лостот на
стегата за ножот е фиксиран во саканата позиција.
► Сл.7: 1. Сечило на убодна пила 2. Рачка на
стега на сечило 3. Фиксирана позиција
4. Опуштена позиција
ВНИМАНИЕ:
подалеку од рачката во текот на менувањето.
Во спротивно може да дојде до физички
повреди.
НАПОМЕНА: Ако го отстраните ножот на пилата
без целосно да го изротирате лостот на стегата
за нож, можно е лостот да не се блокира во
отпуштена позиција. Во овој случај, повторно
целосно ротирајте го лостот на стегата за ножот,
а потоа проверете дали тој се заклучил во
отпуштената позиција.
НАПОМЕНА: Ако стегата за нож е поставена во
алатот, вклучете го алатот само секунда за да
може да се извади ножот. Извадете ја касетата за
батерија од алатот пред монтажа или вадење на
ножот на пилата.
38 МАКЕДОНСКИ
Пред секое дотерување или
Секогаш исчистете ги сите
Ако не го ставите ножот за
Држете ги рацете и прстите

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Djr189rtj

Table of Contents