Makita DCL284F Instruction Manual page 61

Cordless cleaner
Hide thumbs Also See for DCL284F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Приклучок за млазница +
продолжна цевка (права цевка)
На тесни недостапни места, каде што
правосмукалката не може да се протне или на високи
недофатни места, користете го овој распоред.
► Сл.27: 1. Приклучок за млазница 2. Продолжна цевка
(права цевка) 3. Тело на правосмукалката
Чистење без додаток
Може да собирате прашина и прав без додатокот.
► Сл.28
За собирање прав на подот или во стоечка положба, погодно
е да прикачите продолжна цевка на правосмукалката.
► Сл.29: 1. Продолжна цевка (права цевка)
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, одржувањата или дотерувањата
треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички
центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.
По употреба
ВНИМАНИЕ:
Ако ја потпрете
правосмукалката на ѕид без никаква поддршка,
таа може да падне, што ќе резултира со телесна
повреда или оштетување на правосмукалката.
► Сл.30
Чистење
ВНИМАНИЕ:
Чистете ги филтрите кога ќе се
затнат. Континуираната употреба во затната состојба
може да резултира со загревање или пожар.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не раздувувајте го правот
залепен на правосмукалката со помош на
компримиран воздух. Со тоа ќе се внесе прав во
куќиштето и ќе се предизвика дефект.
ЗАБЕЛЕШКА:
По миењето, филтрите
треба целосно да се исушат пред употреба.
Недоволно исушените филтри може да
предизвикаат намалување на моќта на смукање и
скратување на работниот век на моторот.
ЗАБЕЛЕШКА:
По чистењето на филтрите и
сунѓерестиот филтер, не заборавајте повторно да ги
монтирате пред употреба. Ако ја користите правосмукалката
без филтрите и сунѓерестиот филтер, правот ќе влезе во
куќиштето на моторот и ќе предизвика дефект.
Тело на правосмукалката
Од време на време бришете ја надворешноста
(телото на правосмукалката) на правосмукалката со
помош на крпа натопена во вода со сапуница.
Исчистете ги и пределите кај отворот за смукање и
областа за монтирање на филтрите.
► Сл.31
Филтер со високи перформанси
Ако го измиете филтерот со сапуница кога е затнат
со прав, ќе се намали моќта на правосмукалката.
Целосно исушете го пред употреба.
► Сл.32
HEPA-филтер
Опционален прибор
ЗАБЕЛЕШКА:
HEPA-филтерот со тврди предмети, како на
пример, четка или лопатче.
Затнатиот HEPA-филтер го отежнува смукањето.
Одвреме-навреме, чистете го филтерот.
Повремено, мијте го HEPA-филтерот со вода, исплакнете го и
оставете го целосно да се исуши под сенка пред употребата.
Никогаш не мијте го филтерот во машина за перење.
► Сл.33
Сунѓерест филтер
Кога сунѓерестиот филтер ќе се извалка, исчистете
го на следниов начин.
1.
Отстранете ги филтрите што го покриваат запирачот.
2.
Извлечете го сунѓерестиот филтер од столпчињата.
3.
Исчистете го сунѓерестиот филтер со тапкање или
миење. Ако го миете, целосно исушете го пред употреба.
4.
Вметнете го сунѓерестиот филтер меѓу
столпчињата и поставете го во оригиналната
позиција. Уверете се дека секоја долна ивица на
столпчето го држи сунѓерестиот филтер надолу и
дека нема слободен простор помеѓу сунѓерестиот
филтер и отворот за смукање.
► Сл.34: 1. Сунѓерест филтер 2. Долна ивица на столпче
Ѕиден носач за безжична правосмукалка
Опционален прибор
НАПОМЕНА: Не е вклучен шрафот за монтирање
на држачот. Подгответе шраф што одговара на
материјалот во кој ќе се шрафи.
Поставете го ѕидниот носач за безжична
правосмукалка на тврд дрвен ѕид, греда или столб,
каде што ѕидниот носач за безжична правосмукалка
може цврсто да се затегне. Пред да ја закачите
правосмукалката, секогаш внимавајте ѕидниот носач
за безжична правосмукалка добро да е прицврстен.
► Сл.35: 1. Ѕиден носач за безжична правосмукалка
ВНИМАНИЕ:
правосмукалката на ѕидниот носач со сила, ниту пак
закачувајте други уреди освен правосмукалката.
61 МАКЕДОНСКИ
Не тријте го и не гребете го
Не закачувајте ја

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcl284fz

Table of Contents