Makita DUC307 Instruction Manual page 82

Cordless chain saw
Hide thumbs Also See for DUC307:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи работниот
век на алатот и на батеријата. Алатот автоматски ќе се
исклучи за време на работењето ако тој или батеријата
се најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот или батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, алатот автоматски се исклучува. Во оваа
ситуација, исклучете го алатот и прекинете ја
апликацијата која предизвикала преоптоварување
на алатот. Потоа, вклучете го алатот за да го
рестартирате.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Во овој случај, оставете ги
алатот и батеријата да се оладат пред повторно да
го вклучите алатот.
НАПОМЕНА: Во средина со висока температура,
веројатно е дека заштитата од прегревање ќе
работи и дека алатот автоматски ќе запре.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во овој
случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете
ја.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
82 МАКЕДОНСКИ
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран за други
причини што може да го оштетат алатот и овозможува тој
да запре автоматски. Преземете ги сите следни чекори
за да ги отстраните причините кога алатот е доведен до
привремено запирање или престанување на работата.
1.
Исклучете го алатот и потоа повторно вклучете
го за да се рестартира.
2.
Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3.
Оставете ги машината и батеријата(ите) да се оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако алатот сопре поради
причина што не е опишана погоре, погледнете
го делот за решавање проблеми.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
овој алат е опремен со копче за блокирање кое
спречува алатот да се стартува ненамерно.
Никогаш не користете го алатот ако се
вклучи со повлекување на прекинувачот
за стартување без да се притисне копчето
за одблокирање. Однесете го на поправка во
вашиот локален сервисен центар на Makita.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
исклучувајте ја функцијата за заклучување
ниту лепете го копчето за одблокирање.
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не повлекувајте го прекинувачот
за стартување на сила без да го притиснете копчето
за одблокирање. Прекинувачот може да се скрши.
► Сл.5: 1. Копче за одблокирање 2. Прекинувач за
стартување
За да не се повлече прекинувачот за стартување
случајно, обезбедено е копче за деблокирање. За да го
стартувате алатот, притиснете го копчето за одблокирање
и повлечете го прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да сопре.
Проверување на затегнатоста на
синџирот
ВНИМАНИЕ:
Држете ја моторната пила
со двете раце кога ја вклучувате. Држете ја
задната рачка со десната рака, предната рачка
со левата рака. Шипката и синџирот не смеат
да се во допир со никаков предмет.
ВНИМАНИЕ:
Ако синџирот на пилата не
сопре веднаш, при правење на тестот, пилата
не смее да се користи под никакви околности.
Побарајте помош од нашиот овластен
сервисен центар.
За ваша безбедност,
Никогаш не

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duc357Duc407

Table of Contents