Makita 5008MG Instruction Manual page 41

Hide thumbs Also See for 5008MG:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
контантна. Ако сечењето не ја следи вашата планирана
линија на сечење, не обидувајте се да го присилите алатот
назад на оригиналната линија. На тој начин може да дојде
до лепење на сечилото и да предизвика опасен повратен
удар и можна тешка повреда. Отпуштете го прекинувачот,
почекајте сечилото да запре и потоа повлечете го алатот.
Одново порамнете го алатот на нова линија на сечење
и повторно започнете со сечење. Обидувајте се да
избегнете положби кои го изложуваат операторот на
распрскувачки отпадоци од сечењето. Користете заштита
за очите за да спречите повреда.
Надолжен потпирач (водилна
шина) (Прибор)
► Сл.17: 1. Надолжен потпирач (водилна шина)
Практичниот надолжен потпирач (водилна
шина) овозможува да се сече право со посебна
предизност. Едноставно притиснете го потпирачот
од страната на материјалот и прицврстете го во таа
положба со завртката за стегање од предниот дел
на основата. Тоа овозможува и изведување прави
засеци со еднообразна ширина повеќе пати.
Поврзување со јаже (лента за
прицврстување)
Посебни безбедносни предупредувања за
користење на висина
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања
и упатства. Ако не се почитуваат предупредувањата
и упатствата, може да дојде до сериозни повреди.
Секогаш држете го алатот прицврстен кога
1.
работите „на висина". Максимална должина
на јажето е 2 м (6,5 стапки).
2.
Користете само јажиња што се соодветни за
овој тип алат и проценети за најмалку 6,0 кг
(13,3 lbs).
3.
Не зацврстувајте го јажето од алатот со
ниту еден дел на телото или на подвижните
компоненти. Зацврстете го јажето од алатот
на цврста структура што може да ги издржи
силите на паднатиот алат.
4.
Пред употреба, проверете дали јажето е
правилно затегнато на секој крај.
Пред секоја употреба, проверете
5.
дали алатот има оштетувања и дали
функционира правилно (вклучувајќи ги
платното и шевовите). Не користете ако е
оштетен или ако не функционира правилно.
6.
Не виткајте ги јажињата ниту дозволувајте
да дојдат во допир со остри или груби
рабови.
7.
Зацврстете го другиот крај од јажето надвор
од работниот простор, така што алатот што
паѓа ќе биде добро прицврстен.
8.
Прикачете го јажето, така што алатот ќе
се оддалечи од операторот ако падне.
Паднатите алати ќе се нишаат на јажето, што
може да предизвика повреда или губење на
рамнотежата.
9.
Не користете го во близина на подвижни
делови или машинерија што работи. Во
спротивно, тоа може да резултира со опасност
од кршење или заплеткување.
10. Не носете го алатот со додадениот уред или
јажето.
11.
Пренесувајте го алатот само со рацете
додека држите соодветна рамнотежа.
12. Не прикачувајте ги јажињата на алатот
на начин што ќе ги спречи штитниците,
прекинувачите или одблокирањата да
работат правилно.
13. Избегнувајте заглавување во јажето.
14. Држете го јажето настрана од областа каде
што се сече со алатот.
15. Користете карабинери со повеќе дејства и
со тип шрафови со затворање. Не користете
карабинери со едно дејство со клипови со
пружини.
16. Во случај кога алатот ќе падне, тој мора
да се означи и да се отстрани од работа
и треба да го провери фабричкиот или
овластениот сервисен центар на Makita.
► Сл.18: 1. Отвор за јажето (лентата за
прицврстување)
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
Исчистете ги горниот и долниот штитник
за да осигурате да нема насобран прав
од сечењето што може да го наруши
работењето на системот за долна заштита.
Нечистиот систем за заштита може да го
ограничи правилното работење, што може
да резултира со тешка телесна повреда.
Најефикасниот начин за да се изврши
чистењето е со компресиран воздух.
Ако правот се раздувува надвор од
штитниците, користете соодветна заштита
за очи и дишење.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Дотерување точност на сечење од
90° (вертикално сечење)
Ова дотерување е направено фабрички. Но ако е
поместено, прилагодете со завртката за дотерување
со имбус клуч додека го местите правиот агол на
сечилото во однос на основата со триаголник,
аголник или слично.
► Сл.19: 1. Основа 2. Завртка за дотерување
► Сл.20: 1. Триаголник
41 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

5008mga

Table of Contents