Makita RP1111C Instruction Manual page 43

Router
Hide thumbs Also See for RP1111C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
РАБОТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
секогаш осигурете се дека шипката за
сопирање е добро прицврстена со навртката
за поставување на шипката за сопирање. Во
спротивно, длабочината на сечењето може да се
промени за време на работата и да предизвика
повреда.
ВНИМАНИЕ:
Пред работењето, секогаш
проверувајте дали телото на алатот
автоматски се подига до горната граница и
дали бургијата на рутерот не се испакнува
од основата на алатот кога се разлабавува
тркалцето за блокирање.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете ги двете
дршки и цврсто држете до алатот за двете
дршки во текот на работењето.
1.
Поставете ја основата врз работниот материјал
што ќе го сечете, така што бургијата на рутерот нема
да го допира.
2.
Вклучете го алатот и почекајте додека бургијата
на рутерот не достигне целосна брзина.
3.
Спуштете го телото на алатот и движете го
алатот нанапред преку површината на работниот
материјал, а алатот нека биде чист и нека се движи
мазно додека не се заврши сечењето.
Кога се сечат рабови, површината на материјалот
треба да биде на левата страна од глодачката глава,
во правец на принесување на материјалот.
► Сл.9: 1. Работен материјал 2. Правец на вртење
на главата 3. Приказ на алатот од горе
4. Правец на принесување на материјалот
НАПОМЕНА: Ако го движите материјалот
премногу брзо нанапред, засекот ќе биде со
слаб квалитет или ќе ги оштети глодачката глава
или моторот. Ако пополека го движите алатот
нанапред, може да се изгори засекот или да се
расипе. Правилната брзина на принесување на
материјалот ќе зависи од големината на бургијата,
видот на материјалот и длабочината на засекот.
Пред да почнете да сечете на самиот материјал,
се препорачува да направите мала проба на
отпадно парче дрво. Така ќе се види точно како
ќе изгледа засекот и ќе можете да ги проверите
димензиите.
НАПОМЕНА: Кога го користите држачот на правец
или насочувачот на поткаструвачот, задолжително
монтирајте го на десната страна во правецот
на принесување на материјалот. Така ќе биде
израмнето со страната на материјалот.
► Сл.10: 1. Правец на принесување 2. Правец на
вртење на главата 3. Работен материјал
4. Насочувач на правец
Пред работа,
43 МАКЕДОНСКИ
Насочувач на правец
Опционален прибор
Држачот на правец ефикасно се користи за прави
засеци кога се прават закосувања или жлебови.
► Сл.11
1.
Вметнете ги насочувачките шипки во отворите
на основата на алатот.
2.
Нагодете го растојанието помеѓу бургијата
на рутерот и држачот на правец. На саканото
растојание, стегнете ги рачните завртки за да го
прицврстите држачот на правец на место.
► Сл.12: 1. Рачна завртка 2. Насочувач на правец
3.
Кога сечете, движете го алатот со држачот на
правец израмнет со страната на материјалот.
Ако растојанието меѓу страната на материјалот и
позицијата на сечење е премногу големо за држачот на
правец, или ако страната на материјалот не е права, не
може да се користи држачот на правец. Во тој случај,
цврсто стегнете права плоча на материјалот и користете
ја како држач на правец на основата на рутерот.
Принесувајте материјал во алатот во правец на стрелката.
► Сл.13
Насочувач на шаблон
Опционален прибор
Насочувачот на шаблон има муф низ кој минува бургијата на
рутерот, дозволувајќи користење на рутерот со шеми на шаблони.
► Сл.14
1.
Разлабавете ги шрафовите на основата,
вметнете го насочувачот на шемата и потоа
зацврстете ги шрафовите.
► Сл.15: 1. Шрафови 2. Насочувач на шаблон
2.
Прицврстете го шаблонот на материјалот. Ставете го
алатот на шаблонот и движете го алатот, така што насочувачот
на шаблон ќе се лизга долж страната на шаблонот.
► Сл.16: 1. Бургија на рутерот 2. Основа
3. Основна плоча 4. Шаблон 5. Работен
материјал 6. Насочувач на шаблон
НАПОМЕНА: Работниот материјал ќе се исече со
различна големина од онаа на шаблонот. Земете го
предвид растојанието (X) помеѓу бургијата на рутерот и
надворешноста на насочувачот на шема. Растојанието
(X) може да се пресмета со следнава равенка:
Растојание (X) = (надворешен дијаметар на насочувачот
на шемата – дијаметар на бургијата на рутерот) / 2
Комплети на распрскувачот на прав
Почисти операции се извршуваат со поврзување на
алатот на правосмукалка Makita.
Вметнете ги распрскувачот на прашина и склопот на
смукалката за прав во алатот.
► Сл.17: 1. Склоп на смукалка за прав 2. Склоп на
додатокот
Исто така, склопот на смукалката за прав може
да се вметне во основата на алатот директно во
согласност со операцијата.
► Сл.18: 1. Склоп на смукалка за прав

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents